Балкан

Колинда планира да ја тргне бистата на Тито

Колинда планира да ја тргне бистата на Тито

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китановиќ одлучи да ја отстрани спомен бистата на Јосип Броз Тито од дворот на претседателската резиденција, но сеуште неможе да го најде вистинскиот начин за да се реши од овој „несакан гостин“, пишува српски „Курир“.

Од една страна претседателката има намера да раскрсти со комунистичкиот тоталитаризам, но од друга страна несака отстранувањето на бистата да биде сфатено како негација на антифашистичкото движење што претставува важен фактор врз кој настанала современата Хрватска.

-Таа во никој случај не сака Тито да остане горе, но сеуште не е дефиниран начинот на кој бистата ќе биде отстранета. Според неа Тито бил контраверзна личност, па затоа не сака тој да биде присутен во претседателската резиденција. Од друга страна, таа сака да ги задржи позитивните влијанија на антифашистичкото движење, тврдат за српски „Курир“ соговорници блиски на претседателката.

Во предизборната кампања Грабар Китановиќ го опиша Тито како диктатор, но позитивно говореше за антифашистичкото движење.