Колкава е платата на Путин?

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил три милиони 672 илјади и 208 рубљи, односно 103.060 долари, покажува даночната управата која што ја објави Кремљ.

Според тие податоци, приходите на рускиот претседател минатата година се намалени за 59.411 долари во однос на неговата заработка од 162.519 долари од 2012-та година, јавува руската новинска агенција „Итар тас“.

Но, во даночната пријава на Путин за прв пат не се доставени податоци за заработката на неговата сопруга, од која Путин, официјално се развел минатата година. Нејзиниот придонес во семејниот буџет во 2012-та година бил околу 3.406 долари.

Во даночната пријава, исто така, не се споменуваат неговите ќерки, Марија и Катерина , иако државните претставници имаат обврска да достават информации за членовите на семејството.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.