Колкави хонорари заработува Северина?

Северина Којиќ се појавува на јавни собири, промоции и премиери и наплаќа дури 13.000 евра, пренесуваат хрватските медиуми.

За тие пари балканската поп дива треба да се појави во одредено време на одредено место, да им посака на гостите добра вечер, убав помин и да позира пред фотографите. Сопругата на Игор Којиќ претходно вообичаено одеше со менаџерот Томислав Петровиќ, кој одредува на која манифестација и ќе се појави. Откако се омажи, покрај менаџерот заедно со неа оди и нејзиниот сопруг.

Медиумите исто така пишуваат дека Севе наплаќа и за појавувањето на одредени манифестации, каде понекогаш треба да и’ биде врачена и некоја награда.

Иако хрватските медиуми ја критикуваат Севе поради ваквиот начин на заработка, таа не е единствената што ја применува оваа пракса. Има уште неколку нејзини колеги што дебело наплаќаат за нивното појавување. Организаторите на разни настани им плаќаат, затоа што ако се појави некоја ѕвезда, сигурно ќе добијат простор во медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.