Колкави се економските последици што ги остави „Арапската пролет“?

Транзицијата во Тунис, Египет и Либија ниту по три години по револуцијата со која се сменетин тогашните лидери, се’ уште не е завршена, а политичката нестабилност оставила тешки последици врз економијата на тие земји.

Невработеноста, која што беше една од главните причини за народните протести, не е намалена. Без оглед на степенот на извшени политички трансформации и различни структурни реформи, економијата на земјите зафатени од „арапската пролет“ се’ уште е во катастрофална состојба за разлика од пред три години.

Тие земји се’ уште мака мачат со ниското ниво на бруто домашен производ, огромна стапка на невработеност, мал извоз, сива економија, неконкурентни фирми и одлив на капитал.

Главната причина за економско слабеење на Тунис и Египет се намалените приходи во туристичкиот сектор, кој претставува моторна сила на економиите на двете земји. Либија, од друга страна, преминува низ длабока економска криза поради пренагласената зависност од извоз на нафта.

Државните финансии на овие земји, исто така, се доведени во критична точка. За да го купат социјалниот мир, актуелните власти продолжуваат да ги субвенционираат основните животни намирници. Во Египет половина од државниот буџрт се троши на таков вид субвенции. Со децении државата ги субвенционирала цените на храната и енергенсите, но по експлозијата на цените на енергетските и прехранбени суровини овие трошоци стануваат претешки за се’ потенкиот државен буџет.

Иако слободата нема цена, таа сепак чини. Во студијата на британската банка „НЅВС“, објавена во октомври оваа година, се наведува дека „арапската пролет“ во изминатите три години чинела околу 590 милијарди евра.

Според истиот извор, на крајот на 2014-та бруто домашниот производ на седумте економски најпогодени земји во кои се „одигра арапската пролет“- Египет, Тунбис, Либија, Сирија, Јордан, Либан и Бахреин, ќе биде 35 отсто понизок за разлика од периодот пред избивање на народните протести во 2011-та година.

Светската банка во својот годишен извештај оценила дека перспективите на овие земји за 2014-та година се неизвесни и дека зависат, пред се’, од политичката ситуација која што е крајно нестабилна.

Посебна опасност претставува се’ поголемата нетрпеливост на народот кој што очекувал подобар живот по симнувањето на претходните режими.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.