Колку често треба да се менува темпото за време на сексот

Веројатно некогаш сте се запрашале која брзина во сексот на жените најмногу им одговара.

„Колку мажите треба да го менуваат темпото во текот на сексот? Дали жените преферираат константно исто темпо или сакаат често да ја менуваат брзината за пенетрација?“, пишува порталот Mensfitness.

Варирањето во брзината и темпото е најдобро решение за да го задржите сексуалниот однос на интересно ниво, сметаат експертите за сексуални прашања. Не мора да започнете со спори движења и потоа забрзувате прогресивно. Слободно можете да комбинирате и да одите од побрзо кон поспоро темпо, па да го подигнете нивото на средна брзина, па потоа да се вратите на поспор ритам.

Важно е да го читате нејзиниот говор на тело и доколку приметите дека не и годи моменталното темпо, да успорите. Кога ќе приметите дека ја доведувате до зголемување на страста, слободно забрзајте, но немојте пребрзо за да не помисли дека сте „напален“ зајак.

Моментот кога не треба да го менувате темопто е кога ќе почувствувате дека таа е близу оргазам. Ако сте приметиле она што го правите дека ја возбудува, не престанувајте.

Женскиот оргазам зависи од неколку фактори, па ако таа е близу оргазам, а вие го промените темпото, може да се случи до оргазам воопшто и да не дојде.