Колку чини смртта во регионот?

Граѓаните во земјите од регионот во случај на смрт на свој роднина за погребни услуги мора да платат од 500 до 3.000 евра, покажа анализата на Агенцијата Анадолија (АА).

Во земјите од регионот тие трошоци се најмали во Босна и Херцеговина каде граѓаните за погреб и целата опрема треба да платат минимално 460 т.т. 550 евра. Слична е состојбата и во Србија каде просечна цена на погреб изнесува околу 545 евра, додека во Хрватска цената е двојно поголема. Според податоците на едно од најстарите погребални претпријатија во Европа, за еден погреб во Загреб требаат најмалку 1.200 евра.

Во овие земји вкупната цена на погребот во многу зависи од големината и квалитетот на ковчегот или сандукот, но во Црна Гора е малку поинаку. Иако максималната цена на ковчег во Подгорица е 400 евра, еден граѓанин во овој град погреб го чини околу 3.000 евра.

– Во Сараево трошоците на погребот се 700 КМ, а сандуците чинат од 300 до 6.000 КМ. Шефик Ватреш координатор на Кантоналното јавно претпријатие Покоп, кое раководи со девет активни комунални гробишта во главниот град на Босна и Херцеговина, за АА рече дека трошоците за погреб во Сараево чинат околу 1.100 конвертибилни марки КМ т.е. 550 евра, а се движат и до 6.000 КМ зависно од големината и квалитетот на сандакот.

Според неговите зборови, 700 КМ во вкупниот трошок од 1.100 КМ се услугите на погребалното претпријатие и таа цена не се менуваше од 2001 година до сега.

– Ковчезите се движат од 300 КМ до 5 или 6.000 марки – вели Ватреш, додавајќи дека има граѓани кои купуваат сандуци во вредност и до 5.700 КМ.

Кога се во прашање џеназите муслиманските погреби, претпријатието Покоп има соработка со муслиманските погребални фирми Бакије и Једилери, па услугата за џеназите на своите гробишта ги врши по цена од околу 300 КМ.

Во врска со поскапувањето на резервациите на гробните места на некои гробишта со кои управува ова претпријатие, Ватреш потсети дека секојдневно се намалува бројот на гробни места кои се на располагање за починати лица, како и дека се неопходни средства за идни проширувања.

– Резервацијата на гробно место не влијае на трошоците на погребот и таа не е обавезна. На нас ни треба простор за починатите лица и ние сакаме да го обезбедиме. Самото гробно место за граѓаните чини 40 КМ – наведе Ватреш.

Во Муслиманската погребна фирма Једилери, чиј основач е Меџлис на Исламската заедница во Сараево, ни рекоа дека трошоците за техничкиот дел од џеназите, погребната опрема како и превозот внатре во Кантон Сараево изнесуваат 588 КМ.

Директорот на Јеилери Бего Селимовиќ вели дека ова погребално друштво води сметка нивните цени за услугите да бидат прифатливи за граѓаните и дека во последните шест години не ги менувале.

– Нашите услуги чинат 588 КМ и во нив е пресметан и ДДВ. Тоа е техничкиот дел од џеназите, погребната опрема, превозот од дома до гасулханата и од гасулханата внатре во кантонот. Со оглед дека кантоналната фирма стопанисува со мезариите Влаково и Баре, со нив имаме деловни договори. Така севкупно, една џеназа во Влаково, сметајќи го и делот од фирмата Покоп чини вкупно 927 КМ – рече Селимовиќ.

– Трошоците за погреб во Загреб во просек изнесуваат 1.200 евра.

Зоран Зечевиќ директор на продажбата во Погребалната фирма Загреб, една од најстарите од овој вид во Европа, рече дека комплетните трошоци за погреб на лица за кое нема резервирано гробно место во Загреб, просечно изнесува околу 8.500 куни т.е. 1.200 евра. Оваа цена вклучува класичен погреб со сандук во земјен гроб, опрема, превоз и трошоците на гробиштата кои се наплатуваат за купување на гроб и самиот погреб. Ако се работи за погреб на лице кое е кремирано, трошоците се помали за 200 евра.

Цените на сандукот во оваа фирма се движат од 300 до 1.000 евра. Граѓаните кои ќе се одлучат за музика во текот на погребот плаќаат 200 евра за плех музика, објавата во весници е од 70 до 200 евра, зависно од просторот, како и цвеќето кое чини од 70 до 200 евра, зависно од големината т.е. од бројот на цветовите.

Годишната наплата за одржување на гроб во Загреб изнесува 15 евра, а во случај на неплаќање на претплата 10 или повеќе години, гробиштата имаат право да го преземат гробот и да го препродадат. Транспортот внатре во Хрватска во оваа фирма чини 50 центи по километар, а цената за странство е 70 центи по поминат километар во двата правци.

– Во Србија жителите за погреб издвојуваат просечно 545 евра.

Според податоците на Информативниот центар на ЈКП Погребни услуги Белград, кој во своја надлежност има 10 белградски гробишта, просечната цена на погреб изнесува 67.447 РСД или 545 евра, од тие 230 евра се трошоци на самиот погреб, додека цената на погребалната опрема е 285 евра.

Вкупната цена на погреб зависи од сандукот т.е. од големината, намената и видот на материјалот од кој е изработен, а цената се движи од 106 па се до 1.975 евра.

Право на намалени погребални трошоци имаат лица кои плаќаат трошоци за погребот за лице корисник на пензија од категоријата вработени, воени пензионери како и пензионери со самостојна дејност.

Надоместот за одржување и уредување на површината на гробот се плаќа годишно. Цената за одржување на гроб изнесува околу 10 евра, додека трошоците за одржување на гробница чинат зависно од нејзината големина. Во Белград околу 65 отсто корисници на гробови, плаќаат цена за одржување на истите.

– Најевтината типска гробница во Црна Гора е околу 2.600 евра.

Сепак, највисоки цени за погребални трошоци се во Подгорица каде жителите за погреб на починат плаќаат најмалку 3.000 евра.

Како што ни е потврдено од продавницата за погребна опрема на црногорската фирма Погребни услуги во Подгорица, цената на еден сандук е 150 евра, а се движи до 400 евра. Оваа фирма раководи со две градски гробишта Чепурци и Загориќ.

На градските гробишта починатите не се погребуваат во земјени гробови туку тука се градат типски гробници со две и четири гробни јами и се продаваат како такви. Погребите во земјените гробови може да се вршат надвор од Подгорица, на селските гробишта.

Со оглед дека нема гробници за едно лице, граѓаните се одлучуваат на гробници со две јами, а најефтина таква гробница е 2.596 евра. Следствените услуги на овие гробишта чинат околу 400 евра, така жителите на Подгорица еден погреб ги чини околу 3.000 евра.

Анадолија Балкан – Сараево