Колку долго трае добриот секс!?

За некои е прекратко, а за некои предолго… Научниците дадоа одговор на вечното прашање: Колку долго би требало да трае добриот секс?

Преку спроведеното истражување на Универзитетот Пен Стејт научниците, како што тврдат, откриле дека и покрај веќе востановеното мислење, добриот секс не треба да трае долго. Се што е подолго од половина час создава основа за разочарување и незадоволство според нив.

Научниците Ерик Корти и Џенај Гуардиани во своето истражување вклучиле дури 59 експерти за сексуална терапија, брачни психолози и семејни терапевти, кои во рамки на својата кариера имале илјадници пациенти.

Со помош  на нивните одговори тие идентификувале четири клучни категории во смисла на времетраењето на сексот од пенетрацијата до ејакулацијата.

Сексот во траење од 1-2 минути е прекраток, од 3 до 7 минути адекватен, од 7 до 13 минути пожелелен, а од 10 до 30 минути предолг.