Паѓа просечната цена на еден метар квадратен на становите

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во текот на изминатата година е околу 46 илјади денари или над 761 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оваа цена е намалување за 6,2 отсто во однос на 2012-та година.

Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесува 54.857 денари што е за 6,5 отсто помалку во споредба со 2012 година,  додека во останатите населени места во државата таа изнесува 39.264 денари што е за 9,4 отсто помалку во споредба со 2012-та година.

Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2013, таа е намалена за 12,5 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето е за 8,1 отсто.