Колку е важен бројот на сексуални партнери што досега сте ги имале?

Што мислите, дали бројот на сексуални партнери одредува дали некој неискусен или премногу искусен за врска? Дали и вие имате вакви дилеми? Колку поранешни девојки треба да има вашиот партнер, односно колку бивши е премногу за ваш вкус.

Едно истражување се занимаваше со темата на поранешни сексуални партнери што се смета за толерантен.

Во анкетата учествувале 1.000 луѓе, а резултатите меѓу другото, покажале дека луѓето што имаат помалку од 10 сексуални партнери во целиот живот се сметаат за сексуално неискусни.

Овие работи се менуваат мошне брзо. Мислам дека сите стануваме потолерантни и посклони кон сексуални авантури. Да ја спроведевме анкетата пред десет години, мажите би очекувале дека потенцијалната партнерка, пред нив имала односи со многу помалку партнери, тврдат Британците што ја работеле анкетата.

Исто така, анкетата покажала дека мажите ги одбегнуваат жените што имале повеќе од 10 партнери, додека жените со повеќе од 20 партнери воопшто не ги привлекуваат.

Речиси 35 отсто жени и 30 отсто мажи рекоа дека сакаат да знаат со колку партнери имал секс нивниот избраник, односно избраничка.

Претходно истражувањата покажале дека сексуалноста кај жените е доста флексибилна отколку што тоа е случај кај мажите. Тоа значи дека жените во повеќе случаи ги привлекуваат и мажите и жените, што им дава поголема можност за избор на партнери.