Колку калории дневно им се потребни на мачките?

Секоја мачка е посебна и има единствена градба. Затоа е важно исхраната да ја прилагодите на нејзините единствени потреби. Со помош не лесна формула можете да пресметате колку калории се потребни за да ја одржите стабилната тежина на вашата мачка…

Имено како резултат на внесување премногу калории мачките се склони кон прекумерната тежина.

Храната за мачиња и млади мачки содржи повеќе калории од храната за повозрасните, затоа што нивните енергетски потреби се разликуваат во зависност од возраста. Но, колку лкалории дневно навистина им се потребни?

На мачињата им се потребни по 275 калории дневно, а на возрасните мачки во зависност од големината, градбата и активноста потребни им се помеѓу 200 до 300 калории дневно.

Но, на следниот начин можете да пресметате прецизно колку калории и се потребни на вашата мачка дневно.

Прво треба да ја пресметате тежината на вашата мачка во килограми. Помножете ја тежината со 30 и на добиениот износ додадете 70. Понатаму тој износ помножете го со 0, 8. Добиениот резултат е бројот на калориите што и потребен на вашата мачка во текот на денот.

Ако вашата мачка има проблем со прекумерната тежина ќе и бидат потребни 180 – 200 калории дневно.