Колку ќе чини нафтата во 2014-та година?

Експерти од лондонскиот Капитал икономикс (ЦЕ) предвидуваат пад на берзанските цени на нафтата на околу 90 долари за барел.

Тоа претставува приближно десет до 20 отсто пониско во однос на сегашното ниво на котација на таа суровина на главните пазари во САД и Европа.

Британските енергетски експерти веруваат дека до наведеното поевтинување на нафтата ќе дојде поради зголемување на понудата на тие суровини од сите расположливи извори, но и покрај очекувањата за слабеење на глобалната побарувачка.

Експерт на руската компанија „Уралсиб капитал“, Алексеј Девјатов, не го дели мислењето со своите британски колеги и оценува дека просечната цена на нафтата во текот на следната година ќе биде повисока од предвидувањата.

Руската нафта „Урал“ во текот на следната година, во просек, ќе чини околу 106 до 107 долари за барел, покажуваат прогнозите на Девјатов, со напомена дека таквата цена основната енергетска суровина гарантира стабилност на приходите во рускиот буџет.

Моментално, еден барел нафта на Трговската берза во Њујорк чини околу 98 долари, додека иста количина од црното злато на главниот европски пазари во Лондон поскапе за околу 12 долари.