Колку кофеин има во кафето, чајот, чипсот, бонбоните?

Одамна е познато дека кофеинот е еден вид на дрога, кој што го стимулира централниот нервен систем, кој што секоја година се троши во големи количини ширум светот.

Освен во кафето го има и во чајот, енергетските пијалоци, чоколадото, гумите за џвакање, бонбоните, па дури и во апчињата за слабеење. Експертите направиле анализа каде има најмногу кофеин.

Две шолји чај се еднакви на една шолја кафе

Има 20 милиграми кофеин во просечна шолја чај, додека во една шолја кафе ги има двојно повеќе. Но, се’ зависи од видот на чајот или кафето.

Две чаши „Кока кола“ се еднакви на една шолја чај

Ова е изненадувачки податок. Во 100 милилитри „Кока кола“ се наоѓаат само осум милиграми кофеин, двојно помалку одошто во иста количина чај. Иако, во зависност од количината на шеќерот, во 100 милилитри „Кока кола“ може да има и до 15 милиграми кофеин.

Повеќе кофеин има во кафето одошто во енергетските пијалоци

Еден од најголемите брендови во енергетските пијалоци, „Ред Бул“, има само 30 милиграми кофеин на 100 грама, додека во 100 грама кафе има 40 милиграми кофеин. Но, кога станува збор за други енергетски пијалаци, во некои видови на 100 грама течност се појавуваат и 570 милиграми кофеин, што го има во 14 шолји кафе.

Кофеинот не е само во пијалаците

Кофеинот го има во желе бомбоните, чипсот, но е се’ поприсутен и во гумите за џвакање и енергетските бонбони во кои на 100 грама има и до 5.555 милиграми, што е исто како и кофеин во 139 шолји кафе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.