Колку Крим ја чини Русија?

Крим, за помалку од еден месец, од украински полуостров стана нов дел од Руската Федерација.

Со минимален напор беа заземени воените бази од украинската војска, а се појави и рубљата како парична валута.

Крим, пред кој што се голем број промени и предизвици, стана главна тема на меѓународната политика, која што ги променила односите на геополитичката сцена.

Горчливо е прашањето со снабдувањето на вода и струја, кои што во целост доаѓаат од Украина. Под кои услови и за колку пари Украина би сакала да ја продолжи дистрибуцијата на струја, вода и гас, се’ уште не е познато.

„Можно е користење на обновливи извори на енергија како што се соларни панели, а не би била исклучена можноста да се искористи пилот-проектот на пловните нуклеарни станици, иако поставувањето на било какви нуклеарни станици во близина на Крим би можело да му наштети на полуостровот како летувалиште“, рекол Владимир Гутенјев од одборот на руската Дума за економија.

Дотациите од украинскиот буџет на буџетот на Крим досега изнесувале околу 300 милиони евра годишно. Но, економистите проценуваат дека Русија на Крим оваа година би можела да потроши најмалку четири милијарда евра, што е за изедначување на платите и пензиите со руските, а најмногу на обновување на инфраструктурата.