Колку пари чинат гламурозните изданија на познатите за доделувањето на Оскарите?

Весникот „Њујорк пост“ одлучи пред овогодинешното доделување на Оскарите да го дознае износот што филмските дами мора да го издвојат за гламурозното појавување на црвениот килим.

Во нивниот фокус беше младата актерка Ејми Адамс која на минатогодишното доделување на наградите Златен Глобус ја доби наградата за најдобра споредна актерка во категоријата мјузикал или комедија за филмот „Големи очи“, а беше облечена во уникатна креација на Версаче.

Ниту еден фустан не е бесплатен!

Ниту еден фустан не е бесплатен. Не постои модна куќа ѓто бесплатно ќе ви позајми ил ќе ви ја подари својата хот кутур креација за црвениот килим, без разлика на вашиот статус и пријателството со дизајнерот или сопственикот на некоја модна куќа. Фустаните, без разлика дали се уникатни, или оние што се позајмуваат од актуелните колеции, имаат различни цени. Ејми го позајми фустанот со потписот на Донатела Версаче за 12.500 американски долари.

Подготовката може да трае и по неколку недели или месеци. Во зависност од тоа каков фустан сакате, изјави стилистката Микаела Ерлангер која беше задолжена за креацијата што Лупита Нјонг ја носеше на годинешното доделување на Златните Глобуси.

Првиот чекор е состанокот со дизјанерот, потоа пробите што може да се одложат и до неколку недели и конечно следува финалната проба која може да биде проблем затоа што често се случува некоја од дамите да ослаби или да се здебели во меѓувреме па на сцената настапуваат шивачките што мора да направат буквално мало чудо за неколку часа. Целиот процес е прилично напорен, напнат и исполнет со неочекувани ситуации.

Поголемиот дел од најдобрите холивудски стилисти што ѕвездите ги ангажираат за доделувањето на Оскарите имаат дневница од 1.500 долари. Но, пред доделувањето на наградите таа цифра знае да скокне и до 10.000 долари за неколку дена работа!

Покрај тоа, ѕвездите мораат да издвојат одредена сума и за шивачките. Попознатите брендови како Шанел практикуваат заедно со фустанот со приватен лет да испратат и нивна шивачка од Европа. Тоа е минимум 1.500 долари за летот и 1.000 долари за сместување во хотелска соба за неколку дена.

Фризура од 6.000 долари

За Адир Абергел, фризерот на познатите дами што досега работел со Натали Портман и рис Витерспун подготовката на гламурозните фризури почнува неколку дена пред доделувањето на наградите:

Морам да го погледнам фустанот, да ја замислам на црвениот килим – начинот на кој паѓа на телото, текстурата, кројот. Потоа морам да погледнам какви биле претходните фризури на претходното доделување на наградите, да поразговарам со клиентот, да пробам неколку опции за последниот ден, односно на денот на доделувањето на наградите, да ја стилизирам фризурата, за што во просек ми се потребни помеѓу 2 и 5 часа, вели тој.

Стилистот Крис Мекмилан, познат по славната „Рејчел“ фризура на Џенифер Анистон, кој работел и со Џулиен Мур дневно наплаќа и по 2.000 долари. За ангажманот што опфаќа неколку дена, Абиргел зема и до 6.000 долари.

Шминка од 5.000 долари