Колку пари дечково?

Освен Интернет страниците за запознавање сродни души, во светот, а осовено во Кина, се’ популарни се страниците на кои може да се изнајми маж.

Една од корисничките на ваквите Интернет страници, Ли, триесетгодишниот изнајмен партнер го опишала како просечен.

„Можеше да биде најдобриот дечко на светот, а можеше да биде и сериски убиец, бидејќи при таквиот начин за запознавање се’ е можно“, вели Ли.

Цената зависи од потребата на жените, а девојките во Кина најчесто изнајмуваат мажи кои ќе им бидат придружба на семејни прослави.

Исто така, многу жени ја користат таа услуга и кога им е неопходно да имаат придружба на некое друштвено дружење.

Така, на пример, Ли платила 240 долари за еднодневно дружење во кое не биле вклучени никакви физички контакти, па дури ни држење за рака.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.