Колку пари ќе добијат германските фудбалери ако станат Светски шампиони?

Триесет и пет милиони евра ќе добие победникот на Светското фудбалско првенство во Бразил од ФИФА, а 18 милиони евра ќе му бидат исплатени на вицешасмпионот.

Од Германскиот фудбалски сојуз велат дека ќе им биде чест доколку на своите фудбалери им исплатат бонус за освоена титула на светскиот куп.

10462824_941388545876993_5223651158570207138_n

„Предвидено е нашите фудбалери да добијат по 300 илјади евра за секој член на репрезентацијата, ако успеат да ја елеминираат и последната пречка, Аргентина, на патот до титулата“, велат од сојузот.

По елимирањето на Бразил со 1:7, Германија се пласираше во финалето на Мундијалот. Пречката на Агентина до финалето, беше Холандија, која несреќно загуби со 2:4 по изведувањето на пенали.

10487529_941478412534673_1788976442376309994_n

Финалниот меч за титулата е закажан за на 13.07.2014 година, недела, на најпознатиот брзилски стадион „Маракана“.