Колку пари заработуваат жителите на развиените држави?

Просечната плата на светско ниво изнесува 1.480 долари месечно.  Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) ги објави резултатите од најновото истражување кое што ги проучуваше просечните плати во земјите со развиена економија.

На листата први се САД, што воопшто не зачудува, со оглед на тоа што платата на просечниот Американец изнесува околу 56.000 долари годишно (околу 4. 500 долари месечно). На второ место е Луксембург каде просечните примања се незначително помали отколку во Америка.

Над 50.000 долари годишно заработуваат и Швајцарците, Австралијанците и Норвежаните. Иако ЕУ донесе некои предности на жителите од земјите во Источна Европа, на дното на табелата се Словачка и Чешка кои се веднаш над Естонија, каде просечната плата е под 19.000 долари годишно (околу 1.550 долари месечно).

Иако се лошо пласирани, сепак Чесите и Словаците имаат поголеми примања од светската просечна плата која изнесува 17.760 долари (околу 1. 480 долари месечно).

Еве ги просечните годишни плати (во долари) во развиените земји:

САД: 56.340

Луксембург: 56.021

Швајцарија: 54.236

Австралија: 50.449

Норвешка: 50.282

Ирска: 49.506

Данска: 48.347

Белгија: 48.082

Холандија: 47.530

Канада: 46.911

Австрија: 45.199

Германија: 43.682

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.