вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 23

Колку пати на ден жените помислуваат на секс?

zzeni seks

Поврзани вести

Неретко можеме да ја слушнеме реченицата „Мажите само на едно мислат“! Но, што е со жените? Фантазираат ли тие за „оние работи“? Нормално дека фантазираат и тоа поприлично често. Разликата е во тоа што за разлика од мажите и нивните кафански муабети „Што би и направил“, тие за своите сексуални фантазии дискретно молчат. Додека машките фантазии се сведуваат на чист секс, жените се нешто посликовити и сложени, а неретко и романтични.

Според најновите истражувања, просечниот маж 34 пати дневно помислува на секс, додека дамите имаат валкани мисли само 19 пати на ден. Откриено е дека мажите почесто размислуваат за орален секс, но ниту жените не заостануваат многу во фантазијата за пози.

Ако се сметаат нашите мисли, тешко би се нашол човек кој е верен на својот партнер. И жените и мажите дури и во потполно невини ситуации како што е состанок, возење во градски првоз или кафе со најдобар пријател од спротивниот пол, дури и на момент помислуваат на секс со личноста од спротива!

Најчитани вести