вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 67

Колку повеќе со манипулации сакаат да дојдат на власт, толку поголема ќе биде победата на ВМРО-ДПМЕ

Тој им порача на сите кои сакаат на нечесен начин, со интриги, манипулации и замајувања да дојдат на власт, дека не само што нема да ја остварат целта, не само што убедливо ќе изгубат на следните избори, туку, колку повеќе се обидуваат на вакви начини, со злоупотреби на институции во партиски цели да дојдат на власт, толку поголема ќе биде победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

nikola-gif-5000

Последни вести

СЈО, кое се формираше со добра намера, да се расчистат работите од креираните материјали, не е толкав проблем што луѓето таму се очевидни подржувачи на СДСМ, не е толкав проблем што бесрамно си доделија тројно поголеми плати од останатите нивни колеги, туку се нафатија да бидат главен инструмент на СДСМ и Заев во битката на доаѓање на власт со сила и без волја на народот, а преку партиска инструментализација на оваа државна институција, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на граѓанскиот собир во СЦ „Борис Трајковски.

-Одржаа еден куп спектакуларни прес конференции со покренување на истраги и обвиненија, без да имаат барем еден валиден доказ. И доправа, според она што Заев наоколу ги храбри неговите демотивирани сопартијци, доправа планираат да станат актер во оваа кампања, верувајќи дека ако не преплават со камења на распити за кои однапред се информирани телевизиите кои што и да направи СДСМ и СЈО го подржуваат, спектакуларни прес конференции за истраги и обвиненија, покани да се појавуваме во суд без никаква правна основа, дека на тој начин ќе го сменат мислењето на народот СДСМ да ги добие изборите, рече Груевски.

Тој им порача на сите кои сакаат на нечесен начин, со интриги, манипулации и замајувања да дојдат на власт, дека не само што нема да ја остварат целта, не само што убедливо ќе изгубат на следните избори, туку, колку повеќе се обидуваат на вакви начини, со злоупотреби на институции во партиски цели да дојдат на власт, толку поголема ќе биде победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

-Она што сакам да го потенцирам со овие примери е што со давањето на можност да имаат извршна власт на СДСМ се даде и можност на неопределените граѓани кои го подзаборавиле нивниот начин на работа и функционирање, да се потсетат и уште еднаш да видат и да направат разлика кај СДСМ од она што го говори и ветува, до она што го прави. СДСМ добија власт од 7 месеци досега, ќе ја има уште два, и добро е што добија, за народот да ги види во позиција на власт, да го види и нивното  партизирање на институциите, и односот во сферата на медиумите, и во сферата на правосудството, и во партиските и роднински унапредувања и наградувања, и во алчноста по скапи коли, мебели и слично, во неспособноста да направат барем една реформа или проект со која ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните или компаниите, и во депрофесионализацијата и партизацијата на полицијата, и во кочењето на проектите како што Ременски се обидуваше да ги закочи отворањата на веќе изградени градинки, и во блокираната на нормалното функционирање на буџетот и во многу други сфери, слика и прилика за народот да знае што може да очекува од овие луѓе, рече Груевски.

Потенцираше дека штетата што ја направија на државата СДСМ ќе им биде надокнадена по изборите.

-Со своето неработење, кочење на проекти, и деструктивно однесување за се, на овие луѓе во овие месеци во кои практикуваа власт, кои така замислуваат дека може да дојдат на власт, ќе ја надокнадиме по изборите со уште поголема посветеност, со уште поголема работа, со освежувања во нашиот тим, со извлечени поуки од нашите грешки во минатото, и со визија, стратегија, реформи и многу работа. Поминавме низ сите нивни лудории, како оние од типот дека имало 500 илјади фантомски гласачи, па незнам што со медиумите, па ваков-онаков закон за избори, закон за влада, па во ДИК да имале доминација под превезот дека ќе имало таму неутрални членови, министри, заменици со право на вето, се поминавме за на крај да кажат зошто сето ова го правеле, дека требало да ја редефинираат државата, сега му било мајката.  Ептен им фала и за тоа, што си ги кажаа намерите и ветувањата кои некому му ги дале, рече Груевски.

 

Најчитани вести