Колку секс е потребен за среќен брак?

Познатиот псохотерапевт и писател М. Гери Нојман смета дека среќните двојки и оние кои што не се толку среќни се разликуваат само во однос на тоа колку често имаат секс.

Додека работел на неговата серија „Creating your best marriage“, Нојман вели дека заедно со тим експерти спровел истражување врз повеќе од 400 жени и открил дека оние што „не се среќни во бракот“ имаат секс три до четири пати месечно, додека оние што велат дека се сречно омажени имаат секс во просек по 11 пати месечно.

-Верувале или не, на среќата не влијае уживањето во сексуалните односи, туку зачестеноста, вели Нојман.

Тој смета дека за „да се разгорат страстите“ помеѓу брачните партнери потребно е да се оствари подлабок емотивен контакт.

-Сексуалноста во бракот не е поврзана со емоционалниот однос помеѓу партнерите, но понекогаш е потребно планирано да се издвои време за љубов, вели Нојман.

-Еднаш неделно излезете со сопругата на вечера и разговарајте на било која друга тема, само не за пари, работа или деца. Тие разговори сигурно не направиле да се вљубите еден во друг, па нема ниту да ја одржат вашата љубов, советува терапевтот.