Колку Сноуден ја чини Америка?

На Америка ќе и бидат потребни две години и најверојатно милијарда долари за да ја надомести „штетата“ која ја направи Едвард Сноуден, истакнал генералот на војската на САД, Мартин Демпси.

Демпси потенцирал дека поголемиот дел од документите кои ги украл поранешниот соработник на НСА и ЦИА се поврзани со американската војска.

Тој појаснил дека е формиран посебен тим кој ќе ја истражи точните размери од кражбата на Сноуден и ќе се обиде да дефинира решенијата.

„Во моментот го прегледуваме она за што веруваме дека Сноуден го ископирал. Веруваме дека имам добие доволно информации околу тоа. Поголемиот дел од документит имаат врска со нашите воени способности, операции, тактики, техники и процедури“, рекол Демпси.

Демпси додал дека ќе им се потребни  околу милијарда долари за да го покријат губитокот од кражбата на Сноуден.