Колку струја троши полначот за мобилен?

Мерниот инструмент го ставиле во струја, а на него ги приклучиле полначите. Поединечниот полнач практично и да не трошел струја, тогаш кога не ја вршел својата функција. Но кога биле приклучени повеќе полначи, наеднаш била регистрирана потрошувачка од 0,3 вати.

Колку струја троши полначот за мобилен?
Колку струја троши полначот за мобилен?

Седум полначи (iPhone, iPad, Android, Nintendo 3DS, Windows prenosnik, MacBook i Chromebook) по оваа пресметка кога ќе останат вклучени по полнењето за една година трошат 2, 628 киловати струја.

Секако, без разлика што не трошат многу струја, добро е по полнењето да се исклучат полначите, како од сигурносни причини така и за заштеда на струја.

Некои претходни истражувања покажале дека еден град со 100.000 жители би можел цел месец да се напојува со струја доколку сите полначи во светот би биле исклучувани веднаш по полнењето на телефонот, таблетот, лап-топите и другите уреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.