вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 0

Колку трае идеалниот секс?

На жените во просек им се потребни 20 минути од иницијалното возбудување до оргазмот.

sex-final-report-news2

Поврзани вести

Ако некогаш сте се двоумеле за тоа колку долго би требало да трае сексот за вашата партнерка да биде целосно задоволна, еве што мислат експертите: Генерално, времетраењето на сексуалниот однос зависи од личните афинитети, но воглавно се подразбира дека ќе биде подолго од пет минути.

Иако студијата на австралиските секс терапевти од 2012 година покажала дека брзиот секс може навистина да задоволи, верувајте дека ниту една жена не сака секој пат да ужива во доста краток секс. Девојките сакаат сексот да трае помалку од седум минути, единствено кога се брзаат или кога се во паника дека некој ќе ги види.

Другите истражувања покажуваат дека на жените во просек им се потребни 20 минути од иницијалното возбудување до оргазмот.

Важно е да се напомене дека во должината на сексуалниот однос се смета и предиграта, па така се мисли на отприлика десетина минути предигра и исто толку секс.

Решение

Слушајте го говорот на телото на вашата партнерка, но ако вашата цел е да ја доведете до врвот, тогаш размислете за тоа да ја продолжите предиграта.

Ако ви се случи да стасате до врвот пред неа, имајте на памет дека сексот не мора да заврши тогаш кога вие ќе доживеете оргазам.

Најчитани вести