Колку трае идеалниот секс?

Ако некогаш сте се двоумеле за тоа колку долго би требало да трае сексот за вашата партнерка да биде целосно задоволна, еве што мислат експертите.

Објаснување

Генерално, времетраењето на сексуалниот однос зависи од личните афинитети, но воглавно се подразбира дека ќе биде подолго од пет минути.

Иако студијата на австралиските секс терапевти од 2012 година покажала дека брзиот секс може навистина да задоволи, верувајте дека ниту една жена не сака секој пат да ужива во доста краток секс. Девојките сакаат сексот да трае помалку од седум минути, единствено кога се брзаат или кога се во паника дека некој ќе ги види.

Другите истражувања покажуваат дека на жените во просек им се потребни 20 минути од иницијалното возбудување до оргазмот.

Важно е да се напомене дека во должината на сексуалниот однос се смета и предиграта, па така се мисли на отприлика десетина минути предигра и исто толку секс.

Решение

Слушајте го говорот на телото на вашата партнерка, но ако вашата цел е да ја доведете до врвот, тогаш размислете за тоа да ја продолжите предиграта.

Ако ви се случи да стасате до врвот пред неа, имајте на памет дека сексот не мора да заврши тогаш кога вие ќе доживеете оргазам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.