Катастрофалниот земјотрес во 1963 година траел 20 секунди

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Земјотресот во 1963 година траел 20 секунди.

Тогашниот скопски земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.