Колку всушност јадењето доцна навечер е штетно?

Научните докази упатуваат на тоа дека нашето тело знае кога треба да биде будно и да јаде и кога треба да спие – т.е. да се одмора и да не внесува храна.

Поради тоа, кога јадете во неочекувано време, пример во 23 часот кога треба да спиете, метаболитичките органи како што е црниот дроб се збунуваат затоа што не се подготвени на прилив на храна во тоа време и затоа храната не е доволно темелно преработена.

Тоа предизвикува проблеми со инсулинот и нивото на шеќер во крвта, а како краен резултат, телото складира мнгоу повеќе маснотии од вообичаено.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно јадат доцна, како луѓето кои работат доцна навечер и оние со синдромот на ноќно јадење (т.е. луѓе кои 25% од храната ја јадат после вечерата) имаат поголем обем на струкот и поголем индекс на телесна маса од луѓето кои јадат во конвенционално време.

Дури и здравите жени кои јадат доцна во денот побавно ги преработуваат јаглехидратите, помалку се толерантни на глукоза и помалку согоруваат калории за време на одмор во споредба со жени кои јадат порано во денот.


Што да направите:

1. Не јадете барем 2 часа пред да спиете.

2. Во денови кога знаете дека ќе вечерате доцна – викенди, денови кога работите до доцна, кога сте на одмор или бизнис патување, јадете лесна вечера.

3. Многу од нас јадат најмалку за појадок и ручек, а за вечера најмногу. Направете баланс. Тоа значи оброкот да содржи 10 до 12dkg белковини, а пола чинија нека биде со зеленчук. Секој ден јадете и порција скроб или овошје.

4. Пробајте да внесете 90% од вкупните калории во текот на денот. Така, ќе ви останат 150-200 калории кои може да ги внесете навечер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.