Колку заработува првиот човек на Америка?

Дали некогаш сте се запрашале колку долари се слеваат годишно на сметката на американскиот претседател Барак Обама?

Според Celebritynetworth првиот црномурест претседател на Америка има годишна плата од 400.000 долари. Но, кога на таа, и онака голема сума, ќе се додадат бонусите и сметките за патувања, тогаш Обама годишно заработува и над половина милион долари.  Верувале или не, Обама годишно добива 20.000 долари бонус за забава и релаксирање. Сепак, има тешка и одговорна професија. Па, така, кога ќе се соберат парите од сите бенефиции кои ги ужива Обама, годишната плата му е 550.000 долари.

Но, не сите американски претседатели заработувале исто.

Во 1700-тите, кога Америка била  млада држава, годишната плата на еден претседател изнесувала само 25.000 долари.

Но, ако овие 25.000 долари ги пресметаме според актуелната инфлација, тогаш се добива износ од 560.000 долари, што е всушност моменталната плата на Обама.

Ричард Никсон, во 1969 година имал годишна плата од 200.000 долари, односно денешни милион долари. Највисока плата земал претседателот Теодор Рузвелт. Иако, додека бил на чело на Америка земал 75.000 долари, денеска таа сума би изнесувала 1,7 милиони долари.

Ако направиме споредба на богатството на Обама со поренешните претседатели тогаш ќе сфатиме дека тој и баш нема многу големи резерви во банка. Поранешниот претседател Џорџ Буш вреди 15 милиони долари, а неговиот син 11 милиони повеќе од него. Но, никој не може да се мери со Бил Клинтон кој вреди 80 милиони долари. Сепак, мора да напоменеме дека Барак Обама е релативно млад, се’ уште има време да пишува книги, да дава совети и да заработува од говори. На пример, Клинтон заработува по 250.000 долари годишно само од држење неколкуминутни говори.