Колку жителите на европските земји се задоволни од животот

Колку луѓето се навистина среќни во земјите во коишто живеат е прашање со коешто се занимавале во Европската унија, а врз основа на разултатите добиени од неодамнешното истражување е направен и мапа.

На прашњата за семејството, работата што ја извршуваат и домовите, одговарале речиси сите земји од Европската унија. Притоа, најинтересните одговори се добиени на прашањето „Колку сте среќни од животот во својата земја?“.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Данците се најсреќните Европејци со дури 99 отсто, додека, пак, најнезадоволни се всушост Унгарците со сепак 62 проценти задоволни.

Среќен живот водат и Ирците со 98 отсто, Швеѓаните и Холанѓаните со 97 проценти, Финците со 95, а Португалците и Австријанците со по 94 отсто.

Покрај Унгарците, очекувано на дното од листата задоволни европски нации се Бугарите со 66 и Романците со 67 отсто.

Бидејќи Македонија не е членка на Европската унија, таа и не е опфатена со споментото истражување.