Колмен ново засилување за Работнички

Неколку дена по комплетирањето на трансферот на Димитар Мираковски, раководството на Работнички, ангажира уште еден квалитетен кошаркар, кој ќе му помогне на тимот за освојување на титулата во домашното првенство.

Станува збор за Американецот Вилијам Колмен, кој доаѓа од редовите на Будуќност и сигурно ќе претставува големо засилување за составот на Емил Рајковиќ.

Тој настапува на позицијата крилен центар, висок е 206 сантиметри, а во својата досегашна кариера има настапувано и за францускиот Ле Ман и за грчкиот прволигаш Кавала.

„Колмен е квалитетен, но исто така и дисциплиниран кошаркар кој ќе ни помогне како во нападот, така и во одбраната“, изјави Рајковиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.