Колони и задржувања на граничните премини

На граничните премини на македонска страна има задржувања од 15 до 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ потсетува дека од 3-ти до 12 август 2017 на регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 км ќе има градежни активности – замена на еластична ограда.

Се препорачува учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.