Коловозите влажни, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно, по влажни коловози, а во западнитот дел на државата наместа со остатоци од кашест снег.

Како што информира ЈП „Македонија пат“, снег со слаб интензитет врне кај Крива Паланка, Стража, Маврово и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурни екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.