Коловозите влажни, слаб снег и магла на повисоките места

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крушево, Ѓавато, Буково, Пресека, Плетвар и Деве Баир.

На патниот правец А3 обиколница Битола – Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Општинскиот пат с. Долни Полог – с. Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Поради појава на магла, видливоста на Плетвар, Попова Шапка и Ѓавато е намалена на 50 – 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани – Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.