Колозова: Која е потребата од садизам и тортура врз Едмонд Темелко?!

Професорката Катерина Колозова на својот фејсбук профил го сподели соопштението на Обединетата македонска дијаспора која изразува вознемиреност за влошеното здравје на Едмонд Темелко и праша дали има потреба од таков садизам кој се врши врз него.

Исто така Колозова е  загрижување за здравствената состојба на Едмонт Темелко бидејќи врз него се врши тортура, а институциите не реагираат на тоа.

„За Темелко се’ до оваа вест ништо не прочитав. Ако човекот е во толку лоша состојба, ова е тортура. Има ли потреба од садизам ако има вистински институции и правда?“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во своето соопштение изразува сериозна вознемиреност од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор.

ОМД му испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и му посакува цврта верба и истрајност во голготата што ја преживува.

Тие во своето сооштение истакнуваат дека како градоначалник на општина Пустец,Темелкоо се покажал како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во Албанија.

„Ја потсетуваме Македонската јавност дека за време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се има покажано како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во Пустец, како и во останатите делови од Албанија, осигурувајќи дека истото е третирано со должна почит и достоинство. За време на неговата активност на албанската политичка сцена, Темелко се има покажано како столб на толеранцијата, плурализмот и еднаквоста на Македонците во Албанија. ОМД се надева дека Темелко ќе продолжи да ја извршува оваа функција уште многу години“, се вели во реакцијата намакедонското иселеништво.“

ОМД предупредува дека со селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство за двомесечниот притвор, се крши правото за не-дискриминација, и се надеваме дека на Темелко ќе му биде овозможен еднаков третман со другите обвинети, како и фер и транспарентен судски процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.