четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Колозова до СДСМ: Можно ли е до толку да не сте способни?

Можно ли е да се нема памет до тој степен дека ова е политичко самоубиство, напиша Колозова на својот ФБ профил, реагирајќи на најавата на Заев за воведување на двојазичност во државава.

11

Последни вести

Не стивнуваат реакциите по најавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Заев на следните избори очекува да добие голем дел албански гласови, веднаш по другите политички партии од албанскиот блок.

Професорката Катерина Колозова, која важи за блиска до СДСМ, на својот фејсбук профил посочи дека овој потег на СДСМ е политичко самоубиство.

untitled

 

Лидерот на СДСМ не ја  крие својата цел без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
„Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи“, рече Заев во интервју за Нова ТВ.

Најчитани вести