среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 49

Колт наследник на Патрик Свејзи во римејкот „„Валкан танц“

kolt

Последни вести

Сексапилниот Колт Прат ја доби главната машка улога во римејкот на филмот „Валкан танц“. Главната женска улога ќе ја игра актерката Абигаил Бресли, позната како „Литл Мис Саншајн“.

Така Колт ќе го наследи познатиот Патрик Свејзи, кој во 1987 година беше мажот со кој сакаше да танцува речиси секоја девојка во светот.

Познавачите тврдат дека времето на Колт доправа доаѓа, за што зборува и фактот што на Инстаграм го следат 25,2 илјади обожаватели. Колт претходно можеше да се види и во спотот на славната пејачка Пинк во песната „Try“, каде ги покажа своите танцови вештини, а актерот е многу активен во настапи во мјузикли.

Така Колт во улога на Џони ќе го гледаме цели три часа, колку што ќе трае римејкот на филмот, а се надеваме дека и таму ќе ги покаже своите импресивни мускули со кои се гордее и на Инстаграм.

Најчитани вести