Колумбија е следниот противник на Бразил

Вториот јужноамерикански дуел во 1/8 финалната рунда, пресметката помеѓу репрезентациите на Колумбија и Уругвај, сосема заслужено заврши со сигурен триумф на селекцијата на Колумбија од 2:0.

Двата погодока на натпреварот беа дело на одличниот играч за врска, Џејмс Родригез, а уште долго ќе се говори за првиот гол на фудбалерот на Монако, кој со волеј-удар од свртување од преку 20 метри го матираше Муслера.

“Џејмс одигра фантастично, тој најзаслужен за овој историски успех. Одигравме одлично во сите 90 минути, одигравме без грешка на сите позиции. Располагам со фантатсичен тим, со прекрасни фудбалери. Џејмс е многу млад фудбалер, но не се плаши од голема одговорност, одигра како вистински лидер. Убеден сум дека овој Мундијал ќе биде запаметен по маестралната игра на Џејмс Родригез. Очекувам спектакуларен дуел против Бразил. И двата тима ќе дадат се од себе, но очекувам и голема тензија”, изјави предводникот на Колумбија, Хозе Пекерман.