Бразил2014

Колумбија фаворит, Грција аутсајдер

Колумбија фаворит, Грција аутсајдер

И без помошта на најдобриот фудбалер, Радамел Фалкао, кој поради тешката повреда од дома ги следи возбудувањата во Бразил, репрезентацијата на Колумбија денеска важи за голем фаворит во дуелот против националниот тим на Грција.

Одличниот играч за врска од редовите на францускиот прволигаш Монако, Џејмс Родригез, призна дека се уште е тажен поради неиграњето на Фалкао и на уште неколку добри фудбалери кои исто така се незгодно повредени, но додаде дека неговиот тим нема друга опција на располагање и мора да слави во дуелот против репрезентацијата на Грција.

„Уште сме тажни, ќе ни фалат четри добри фудбалери, четри фудбалери кои одиграа фантастично во квалификациите. Сепак, ќе мораме да го смениме нашиот начин на расмислување, ќе мораме да се фокусираме на дуелот против Грција. Сите имаме доволно години, сите сме биле во една ваква ситуација. Мора да го наметнеме нашиот стил на игра, мора да забележиме победа во дуелот против Грција. Колумбија има обврска да слави во сите натпревари од групната фаза”, изјави Родригез.

Дуелот помеѓу Колумбија и Грција ќе стартува во 18:00 часот.