Колумбија го напаѓа ранетиот Уругвај

Сигурно, големо внимание ќе привлече и вториот осминафинален натпревар, кој повторно ќе биде дуел помеѓу претставниците на Јужна Америка, репрезентациите на Колумбија и на Уругвај.

Двете репрезентации во сосема различна атмосфера ќе го стартуваат дуелот Рио де Женеиро. Репрезентативците на Колумбија се максимално мотивирани благодарение на одличната игра во групната фаза, во која запишаа три победи од три натпревари, додека тие на Уругвај се во голем шок поради драконската казна која ја доби најголемата ѕвезда во тимот, Луис Суарез.

Бомбардерот на Ливерпул заработи четримесечна суспензија и забрана за настап на следните 9 натпревари, поради за жал успешниот обида да го касне за рамо дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини.

“Уругвај е многу тежок, незгоден противник, но ние сакаме пласман во следната рунда, сакаме да направиме уште еден чекор напред. Не знам каква е моменталната ситуација во нивната соблекувална. Не сакам да го коментирам однесувањето на Суарез. Можно е да се екстра мотивирани после таквата одлука на ФИФА, можно е сега да играат за Суарез. Но тоа е нивни проблем, јас мислам само на мојот тим на нашата игра, изјави предводникот Колумбија, Хозе Пекерман.