Колумбија немаше милост за Јапонија

Репрезентативците на Колумбија ја запишаа и третата победа во групната фаза откако сосема заслужено со убедливи 4:1 ја победија селекцијата на Јапонија.

Претставникот на Ј.Америка заврши како прв во групата “Ц”, а за противник во 1/8 финалната рунда го доби вечниот ривал, репрезентацијата на Уругвај.
Најзаслужен за убедливата победа е напаѓачот на Порто, Џекосон Мартинез кој постигна два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Џејмс Родригез и Хуан Гуадрадо.
Единствениот погодок за Јапонија беше дело на Шинји Оказаки.
“Сите сме разочарани, но мораме да се соочиме со таквата реалност. Јапонија заслужено е елиминирана во групната фаза. Знам дека дадов таква изјава дека пвој тим, репрезентацијата на Јапонија може да ја освои светската титула. Сега ми е многу жал поради таквата изјава. Сакам да им се извинам на нашите верни фанови, не можам да го вратам временото, не можам да ја избришам таквата изјава. Ќе ја побараме вината за ваквниот лош резултат во Бразл”, изјави одличниот играч за врска, Кеисуке Хонда.