Ало наемници, заштитниот чадор ви прокиснува!

Велиновска: Непристрасно известување не е можно со пристрасно мешање однадвор
Велиновска: Непристрасно известување не е можно со пристрасно мешање однадвор

Очигледно е дека во Македонија има такви што упорно се трудат да создадат амбиент за граѓанска војна. За полесно да ја завладеат, за трајно да ја збришат. Таквите пробаа буквално се да ни вшприцаат вирус на агресија и омраза, па сега општествениот живот ни се сведе на дневно политичарење, јавно оговарање и излив на гнев и омраза.

И сето ова во изведба на новинарите како прва борбена линија на политичко-партиска војна, а со помош и сесрдна поддршка на странски центри на моќ. Фала богу што мнозинството население нас новинарите не множи со нула!

Преокупирани со самите себе и сопствената митоманска самоперцепција, извесни новинарски ,,корифеи“ и „перјаници“ заборавија дека во описот на нивната работа е да информираат, а не да тргуваат, да коментираат и анализираат врз основа на проверени податоци, знаење, факти, како и при вршењето на работата секогаш да бидат свесни за последиците кои произлегуваат од секој збор, секоја реченица и секој заклучок, не само за себе и сопствената „животна средина“, туку за целото општество во државата. Гледате, на таквите им затаила саморегулацијата.

Благодарение на секакви црпки што се инсталирани во политиката, оти кај нас не постои ни основна евалуација за психофизичките способности на политичарите, а камоли за нешто посложено, на шеесетина дена пред изнудените предвремени избори, јавноста ја замајуваме со будалштините на еден изнајмен Белгиец, кој треба да обезбеди тотален медиумски мрак за конечно така, за потребите на евро-атлантскиот запад, да го отстрани живиот народ, демосот од демократијата, која ја проповеда на зборови.

Бидејќи наша преокупација стана законот за медиуми кој ни го диктира една генетски модифицирана печурка одгледана во нацистичко подрумче среде „слободна Европа“, а пред тој да стане повод за вистинска граѓанска војна, сакам да искажам почит и уважување кон Виктор Грозданов, кој на мострава од Брисел, избрана од „цивилизираната“ политичка елита на ЕУ, му упати отворено писмо со суштинска содржина. Наместо џафкање и пенавење – факти и аргументи, односно, информации за постојниот закон за медиуми, радиодифузија! Молам! Ако говориме веќе за бришење патос со „експертскиот“ предлог и нацистичко образложение, е ова писмо е еквивалент. Претпоставувам дека Грозданов не ни бил викнат на некоја од „експертските дебати“ за проектот на врхушката на СДСМ и соросоидно-амбасдорската логистика. Патем, ме потсети и мене дека законот за радиодифузија, по европска директива, го работеше и Роберто Беличанец. Истиот Беличанец кого секакви тутки и соросоиди го исплаќаа како платени нарикачи кога умре како „жртва на диктатурата“, а потоа, односно сега, посмртно оргијашки, заедно со Ван Хут и приватниот момок на Сорос, Милчин, го мочаат на нервна (хистерична) база. Оти нивниот идеал е употребна вредност.

Што се однесува до реалноста, користам можност да ги информирам моите „колеги“ дека кај чадорот под кој обнадежено стојат очекувајќи заштита како ИСИЛ од Сауди Арабија, 2016 е изборна година во која се случува драматична промена на свеста на демосот. Почна вистинска политичка револуција иако во САД се уште нема американска амбасада. Ја води нетипична политичка двојка. Еден долгогодишен маргинализиран политичар како Берни Сандерс и еден самопрајски деловен човек како Доналд Трамп. Во прелиминарните изборни анкети пред партиските конвенции, мислам на онаа во Њу Хемпшир, но и оние за кои „слободните“ американски и европски медиуми одвај дали известуваа, публиката во светот сепак одгледа нумера на паѓање на митот за американскиот естаблишментски слој, каста или елита. Kако и да завршат изборите, ова што го почна и одработи Сандерс е успешно засадена семка на длабоки промени во американското општество.

Зошто?

Па затоа што „дедото“ стана икона на младата Америка. Никогаш не сум видела таква возбуда и надеж кај една американска генерација што е поврзана не со музика или филм, туку со државна политика. Ни во седумдесеттите од минатиот век! Дури 72 проценти млади од 16 до 25 години врза за себе политичар со богато искуство, студиозно изградени гледишта и заложби, еден човек со несомнен политички и човечки интегритет – со други зборови кредибилен гласноговорник на американскиот народ. Фантастично!

Првпат гледаат и слушаат политичар кој говори на разбирлив јазик, без патос, без еуфорија и фрази, од кого слушаат интелигентна елаборација и предлог решенија за реални проблеми. Зад него нема апарат од текстописци, сценаристи, режисери. Нема глума, нема комендија. Има волонтерска недоброена војска која ја мобилизираа артикулирани идеи и проекти за преуредување на државата. Во интервјуто од нога за „големите“ медиуми ги остави „новинарските“ ѕвезди без текст. И со нив, како и со звучната и моќна тајфа на поддржувачи на Kлинтонка, буквално избриша патос а не ги навредуваше.

На нивните провокации само им рече…