БЕТМЕН ВЕЛИТ: О како је лепо да си текст на „ПлусИнфо“

Кога ќе прочита човек „СКАНДАЛ НА ПЛЕТВАР“ може да помисли свашта. Дека Лепа Брена имала секс со камионџија на чешмата кај „Че“. Дека градоначалникот на Прилеп пеел караоке бугарски патриотски нумери облечен како кременко.

Поштовање. Пажња! Понеделничка поезија. Прекраснотии од Плетвар. „ПлусИнфо“. Почнуваме прво со песна.

Пердарот

„Пискотници се слушаат од Гeрота на Плетвар,

што тешка несреќа ги збра

и плусот, и инфото, та гласи тажна ека

и навева скандал и зла?

Дал закон цензорски текстчињата ги беше фатил?

Ил рој од казнички се вдал?

Дал спонзорот рекламчиња на време не им пратил

за Герота си немал жал?

Ни закон цензорски текстчињата ги беше фатил?

Ни рој од казнички се вдал?

Ни спонзорот рекламчиња на време не им пратил

за Герота си немал жал?

Та знаме, кутлеш славно, јарбол вивна, натемаго,

одма до америчкото,

и ќе се вее знамето над Прилепа, ебаго,

лут е Геро чичкото . . .

Не знаете што ме распеа понеделнички? Огромен скандал се случи во Македонија. И го открија храбрите новинаришта од „ПлусИнфо“. Еве инфо плус за оние кои не знаат за што се работи.

Не знам дали имаше поважна тема од оваа која „ПлусИнфо“ на Героски ја беше ставил и во Топ темa на денот во саботата. Два дена ми требаа да се соберам и да чкрабнам пар думи за овој светски мега-скандал кој го забележаа нескротливите очи на уредникот и прогласија подигнување на состојбата на национална скандалозност за еден цел степен.

plus-info-betmen-velit

Сите контра-скандалозни единици беа ставени на готовс, па до моите очи черешови кутлешови дојде следниот текст: СКАНДАЛ на Плетвар: Американското покрај знамето со сонцето од Кутлеш.

Кога ќе прочита човек „СКАНДАЛ НА ПЛЕТВАР“ може да помисли свашта. Дека Лепа Брена имала секс со камионџија на чешмата кај „Че“. Дека градоначалникот на Прилеп пеел караоке бугарски патриотски нумери облечен како кременко. Дека јети силувал странски дипломат вклучен во преговорите за медиумите. Ама нееее, не е тоа. Што знаеме ние сељачишта за скандали.

Скандалозното на Плетвар (ко наслов од филм веќе ми звучи, нели?) е следното, дообјаснето веднаш после овој скандалозен вовед: „Американското покрај знамето со сонцето од Кутлеш“.

Ајме мени. Уш-чо-ме, шо би рекле кај мене во Охрид. За да дознаеме сите што е скандалозното, се погрижи секако авторот на редовите со скандалозен текст, објаснувајќи ја скандалозната вознемиреност која го натерала да ја отвори топ темата на денот на „ПлусИнфо“:

„Овие фотографии, што ги добивме рано утринава (сабота, 5 декември), прикажуваат скандалозен однос кон македонското државно знаме, но и кон знамето на САД“. Значи да повториме скандалозен однос кон знамето на Р.Македонија и знамето на САД, дали следите? Следите. Океј.

Продолжуваме: „На високи јарболи покрај регионалниот пат кон Прилеп, кај Плетвар, се веат американското знаме и знамето со сонцето од Кутлеш (Вергина).“ –  овде авторот на текстот ја опишува скандалозната географија и скандалозно висока статичката поткрепа на развеаните скандалозни знамиња на скандалозниот Плетвар во тоа навидум тивко декемвриско саботно утро.

Трилерот продолжува…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.