Дератизацијата на Македонија почнува во октомври

Големиот јужноамерикански раскажувач и мислител Маркез доживеа релативно брзо ревизија на точноста на неговата констатација дека на планетава, само во САД не е возможна смена на режимот со преврат, а причината е што само во САД не постои институтот „американска амбасада“.

Минатонеделната фингерајка во Шарлотсвил каде се судрија „десните“ расисти и неонацисти и „левите“ АНТИФА ,„демократи“ е многузначна за идните светски собитија. А, е многу важна и за нас Македонците кои минуваме низ значајна фаза на политичко и национално зреење.

Американската нација, која системски и систематски се индоктринира преку Холивуд и медиумска пропаганда и затоа нема блага врска со реалноста во светот, релативно брзо за тамошни стандарди разбра дека во една јужна провинцијална вукојебина (енклава) фактички НЕКОЈ сакал да исфингира повод за почеток на граѓанска војна. И оп, на луѓето им се отворија чакрите, се активираа сликите од превратот во Украина, фамозното „украинско сценарио“ по кое пекаше напредниот „демократ“ Бранко Геровски. Констатираа дека мајданската фингерајка како јајце на јајце се изведува во Паланка Шарлотсвил. Абе реков јас дека тоа кројките на „Бурда“ ќе ја уништат шивалната ЦИА или уметнички именувана како „дип стејт“, односно по македонски кажано стаорско дувло. Не мина ни седмица, а ете кај разбравме дека учесници во крвавиот локален судир биле платени глумци без работа преправени во спротивставени демонстранти. Изнајмени од организаторот биле Евреи, Афроамериканци, емигранти Кинези, демократи, ултранационалисти, бели супрематисти и неонацисти. Платени биле по 25 долари на саат. Вежбани на топли и ладни проби од режисерите, и координирани од одговорните за мизансценот. Да заклучам. Продуцент на калакурницава е „филантропот“ Џорџ Сорос, а нарачател на фингерајкава? – кој друг ако не ЦИА. Впрочем, како во сите дејства со кои е соочен светов. Како во Украина, во Сирија, во Либија, во Турција, во Венецуела, на Филипини, и секако за нас најважно, во Македонија.

Нема да ве дрвам со детали и преповторување ами, ќе ги повторам заклучоците од преживеаните догодовштини.

На фашизмот во сите негови форми мора да се гледа како на смртоносна болештина, која го дегенерира и убива човечкото битие. Фашизмот го напаѓа здравиот разум и со стимуланси како што е пропагандата, ги потхранува и развива инстинктите, нагоните и потиснатите девијации. Фашизмот се дијагностицира во раната фаза и ефикасно се отстранува со решителна општествена акција, односно, со радикална превентива и куратива. Тоа не се преговори, договори, демократски процедури, туку решително замавнување со мечот и ефектно пресекување на гордиевиот јазол. Од многу политичарење и ѓоа екаспертско гомнајадење, од политички фразерај и активистички куплерај, од гледање на настаните низ фамозните романтичарски тренди розови наочари, Македонија денес е под целосна окупација на ЦИА, со сиот домашен и соседски „украински десен центар“. Џес Бејли е во моментов самодржецот на цијашкото криминално подземје, кој ја има Македонија под свои нозе. Со неа управува преку извршни одлуки, кои ги спроведува локалниот контракторски општествен отпад и политичко-експертско-медиумски шљам. Ние ги именуваме како соросоиди и бројлери.

Македонските институции се полни со декоративни фикуси и паразити со партиски книшки. Што покажува дека овде долго и успешно се копале подземни штакорски коридори. Не случајно ЦИА ја има ставено Македонија на листата на пропаднати (растурени) држави како Судан, Етиопија, Конго, Либија, Украина. ЦИА фашизмот, кој е директен наследник на Хитлеровиот, во својата доктрина промовирана во 1953 година, запишал дека за своите операции ширум светот користи тактика на препознавање, собирање и одгледување на ментално неурамнотежените, психопати и социопати, неморални, глупави, недоправени, отчовечени, мегаломани, егоцентрици, искомплексирани, неспособни, а дрчни.

Кратко – ЦИА работи со човечко ѓубре.

Ако го нема доволно, го одгледува преку калемење или дресирање на интензивни курсеви. И фино го гледате сево ова во Македонија после превратот. Ѓубрето ви парадира како ѓоа власт, министри на ѓоа вести секој ден, секој саат, секоја минута. Ви се блуе. Се чувствувате немоќни. Мислите дека сте оставени на цедило од политичката авангарда. Барате очајнички некој да ви биде водач. Немојте ве молам розовите наочари да ги замените со црни! ЦИА, Бејли како нејзин службеник, и квислинзите на купче сметаат на македонската колективна апатија и депресија. Сега е моментот кога работите се гледаат директно, без помошни аксесоари. Така ќе го разбудите имунитетот, кој во апатија опаѓа и ве прави подложни на смртоносната болест. Немојте аман, пак, да го молите бога да ви фрли добитна „сречка“ или да го чекате Ѓорѓи Сугаре да ве куртули, така што самиот крвта ќе си ја пролее откако ќе види дека никој од оние што го викале, не му се придружил, односно, не го извадил кубурот за зорт-заман. Опулени вореалноста и без наочари, разберете дека секоја борба почнува со саммиот себе.

Не очекувајте некоја партија да ја брани Македонија. Оти нема таква. Партиите денес немаат идеологија. Нема ни леви ни десни. Сите се „демократски“, сите го сметаат народот за стадо стока за различна употреба. Тоа се интересовни заедници, кои се борат за свои парцијални интереси. За моќ, привилегии и пари. За своите газиња. Партии кои се оградуваат со соопштенија и изјави од сопствениот народ, од својот СУВЕРЕН, од своите гласачи, не се негови спасители. Ако Македонскиот народ има намера и сака да си ја спаси куќата Македонија, земјата Македонија, државата Македонија, треба да е самосвесен и самоуверен. Македонскиот народ поединечно и на купче е единствениот и одлучувачки фактор, кој ќе ја води и добие војната со цијашкото подземје и домашниот шљам. Оние што глумат демократија и цивилизирана процедура среде инсталиран фашистички диктаторски режим не се македонска надеж туку една од цијашките холивудски креации како сиријската ослободителна армија, ал нусра, ал каеда и други такви цијашки ад хок дркотнини.

Како завршуваат?

Па, иако сме под евроатланска медиумска цензура белким гледате на интернет. Ги нема бре! Разбуцани се како куп гомна. Претстојните локални избори ви се кажува уште од сега дека ќе бидат чиста фингерајка. Како претходната пучистичка играрија, која тргна со бомбите на Заев, преку куртон револуцијата и пржинската гротеска до постизборниот преврат. Партиите од наводната опозиција веќе не се ништо друго туку обично средство за легализирање на фашизмот како божемен избор на македонскиот гласач. ЦИА преку Бејли калкулира дека таа ќе победи, вака или онака. ДИК е негова алатка. Ако разочараниот народ не отиде на избирачките места, Бејли и неговиот тим нема да мора да полни многу кутии и да увезува Албанци и Бугари. Ако, пак, народот излезе во значителен број, Бејли ги има спремено големоалбанските фантоми, а сега богами и големобугарските плус мигрантите, кои ќе добијат државјанство и кои ќе ги надополнат отсутните македонски гласачи. Бејли им го има дадено веќе и списокот на градови, кои ќе добијат црпнат градоначалник. По волја на „народот“. На ДПМНЕ началството му има веќе приложено и конструктивен пораз со тек – тук победа во Чашка, Сопиште, некое свирипичино и евентуално една скопска периферна општина…

На фашизмот му треба освојување на теренот. Инаку се’ е џабе како во Авганистан. Што е чарето? Чарето е силна демонстрација на македонската колективна волја. Во вакви услови на окупација нужност е создавање паралелна жива и функционално организирана Македонска држава со сите нишани. Стопостотен излез и гласање за себе, за листи на кандидати кои се веродостојни, кои во своите средини важат за авторитети, за луѓе со достоинство и интегритет. За луѓе кои не се дрчни за пари, не се кариеристи, не се превртачи, карактерно лабилни, плашливи и без идеали. Личности, кои не ги сметаат ЕУ и НАТО за свети крави, такви кои ќе нудат излезни решенија од гомнаријава во која не’ внесоа сите досегашни политичари. Меѓу таквите ќе ги препознаеме потенцијалните водачи. Од таквите фашистите најмногу се плашат. Со таквите се организира и брани теренот. Не заборавајте, како секој штакор, и ЦИА се плаши од одлучна и мотивирана локална маса. Стравот и својата ранливост ја манифестира така што станува агресивна и крволочна. Преку сеење страв и со силна пропаганда сака да не’ обесхрабри и пасивизира. Не верувајте во она што ви го прикажува Холивуд. Верувајте во себе. Оваа борба е над сите борби. Си ја браниме секоја педа од нашата земја. Секоја куќа и улица. Оваа борба е тешка, но е вистинско излезно решение. Ни го покажа тоа народот на Венецуела и Боливија и Исланд и Сирија, а сега и Филипини. И во САД оваа борба е почната. На сите страни самосвесните народи се подготвуваат за генерално чистење. Парадирањето на до заби вооружени американски војници низ Европа и на Балканот не значи ама баш ништо. Така се курчат само слабаци. Така се курчеше и Хитлер. Додека неговите не побегнаа во американското и европското подземје. Тоа е неминовно како што и победата над ЦИА фашизмот со експоненти како Џорџ Сорос, разно разни нуланди, мекејни, бајдени е неизбежна.

Автор: Мирка Велиновска за Дудинка