Диверзиони проекти против Македонија

Денес состојбата на македонскиот народ и на Македонија е потешка дури и од времето на Втората светска војна. И сега како и тогаш сме опкружени од непријатели (тогаш фашистички држави, денес НАТО-вски, што е исто). И сега како и тогаш имаме доволно петтоколонаши и квислинзи, кои активно соработуваат со нашите непријатели. Вистина е, денес официјално имаме држава и официјално не сме окупирани како во минатото. Но, сепак, од друга страна не можеме да очекуваме поткрепа како тогаш од народите на окупирана Југославија. Србите, Хрватите, Црногорците се истовремено окупирани од новиот фашизам и се во меѓусебен судир.

Со други зборови, ако не сакаме да не уништат мора да се бориме. Притоа, сами.

МОРА ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ ДЕКА ДИВЕРЗИОНИТЕ ПРОЕКТИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА КОНТИНУИРАНО РАСТАТ.

Најавените избори за 11 декември дадоа можност СДСМ да се втурне во Владата и да постави свој министер на МВР. Спасовски како и нелигитимното СЈО на Катица Јанева остануват главни адути на шпиунските центри на моќ. Истовремено, сведоци сме на се поцелосна координација меѓу надворешниот и внатрешниот непријател:

1) По осамостојувањето на Република Македонија притисоците доаѓаа однадвор, а нивен врв беше терористичкиот напад во 2001 година.

2) Во последните неколку години координацијата се остварува преку амбасадите на САД и на Велика Британија. На тој начин земаат се поголем замав диверзионистичките кругови во Македонија.

3) По неуспешниот обид за пуч и за граѓанска војна, пролетва, терористичките групации се поделија на легални и илегални. Илегалните терористи се увезени од Косово, а во лице на „шарените“ изјавуваат дека се легални „интернационалци“. Тоа се радикални надворешни одреди на Сорос, кои се поврзаа со невладините соросоидни организации и медиуми во Македонија.

4) Пропагандната диверзија против Македонија се води на две нивоа: преку медиуми во ЕУ и преку електронските портали на Сорос во Србија, Германија итн. Внимателната анализа покажува дека во последнава година бројот на Соросовите портали кај нас нагло се зголеми и веќе повеќе се од 100. Тие работат координирано преку електронските медиуми и весници на СДСМ и шират дезинформација која доаѓа однадвор т.е. пуштена е од амбасадата на САД. Да не забораваме дека центарот на ЦИА е во Белград и тоа што се крчка таму се пренесува преку српските портали на Сорос. Моментно Белград има улогата на Виена во време на Студената војна. Таму се соочуват тајните служби на Западот и на Русија. Честото одење на амбасадорот Бејли во Вашингтон е за да добие директни инструкции не само за Македонија туку и за Балканот.

Не е случајно дека за одењето на Никола Груевски во Германија се огласи тамошениот соросов портал. Нема ништо случајно и во „погрешката“ на Ватикан дека Мајка Тереза е родена во Скопје, Албанија. И едното и другото се дел од стратегијата против Македонија.

МОМЕНТНО НОВО Е ПОЧНАТОТО ПРЕЛЕВАЊЕ НА РАДИКАЛНИ АЛБАНСКИ СТРУКТУРИ И НА ‘ШАРЕНИТЕ’ СОРОСОИДИ КОН СДСМ.

Досега Заев и врвот на СДСМ имаа тесна соработка и со…