Господ казнува прво со одземање на умот

Позната е теоријата на контролиран хаос со која САД во 90-те години се трансформира во прва светска сила. Со ширењето на хаосот во последниве години Американците излегоа во улога на шахист, кој панично го хаотизира светот за да го сочува добиеното.

Зашто хаосот како и времето може да биде контролиран само релативно т.е. за локален период и во локални граници. Тоа не сакаат, а и не можат, да го сфатат моќниците со светски претензии. Ако почнеме од американската администрација, воената индустрија и скриените зад нив наднационални монополи, масонски организации, т.н. Трилатерална комисија, клубот Билдерберг и др. Во сите историски времиња секој кој се обидувал да ја игра улогата на господ бил трескан по главата.

Ете зошто и животот на светските империи е се’ пократок. Подолго време САД и развиените западни земји официјално живеат на кредит. Во претходните векови западноевропските империи Шпанија, Португалија, Холандија, Велика Британија, Франција се збогатуваа преку колонијалниот систем во светот. Нивните жители уште од времето на крстоносните походи се навикнати да живеат од кражба – ту во правец на блискиот, а потоа на далечниот исток, ту кон Новиот свет, ту кон Азија и Африка, или, пак, кон Источна Европа и Балканот.

Во последно време поимот кражба е заменет со поимот кредит.

Моментно официјалниот долг на САД изнесува 19 трилиони долари што е 110 отсто од БДП. Реалниот американски долг е 37 трилиони долари. Долговите на водечките земји на ЕУ, Велика Британија, Германија и Франција се 88 отсто, 75 отсто и 95 отсто. Се знае дека долгот на Грција е 174 отсто од БДП, но се молчи за долговите на Италија и Португалија по 131 отсто, Шпанија 97 отсто, Белгија 108 отсто, Австрија 81 отсто и обратете внимание – Швајцарија 271 отсто.

Ете каде не’ туркаат македонските политичари со безумните напори да станеме членови на ЕУ.

СЛУШАЈТЕ НЕДОВЕТНИ: АКО ИАМТЕ ГРАМ МОЗОК УТРЕ ЕУ ДА ВИ ПОНУДИ ДУРИ АВТОМАТСКИ ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА, МОРА ДА ОДБИЕТЕ.

Дали знаете што значат такви долгови? Ако министерот за надворешни работи нема поим од ништо, Никола Груевски е економист. Тој добро знае дека такви големи долгови можат да бидат исчистени само со војна.

За тие на кои се’ уште не им е јасно еве дополнителни цифри: пред т.н. Арапска пролет долгот на Либија беше 11 отсто, а на Египет и Сирија по 15 отсто. Проблемот со Иран е што нивниот долг е едвај 6 отсто. Ако кон тоа го додадеме долгот на Русија 13отсто, на Кина 19 отсто, на Индија 18 отсто, на Бразил 14 отсто, се гледа дека ударите на САД и НАТО се врз слабо задолжени земји. Целта беше овие држави да бидат уништени и преку кражбите Западот да продолжи да живее на кредит. Моментно долгот на Србија е 74 отсто од БДП, но за време на бомбардирањата на НАТО беше многу помал. Штетите врз српската инфраструктура беа за околу 200 милијарди долари, а по 1999 година Западот ја окупира економски и денес нашата сосетка е полуколонија. Зошто Хрватска беше пикната во ЕУ и НАТО? Затоа што нејзиниот долг е 78 отсто, на Унгарија е 90 отсто.

Земјите во западна и источна Европа со многу голем долг се директно зависни од САД, кои ќе ги користи во својата светска војна како топовско месо. Не е чудно што Балтичките земји прифатија на нивна територија да бидат ставени ракети против Русија. Долгот на Латвија е 145 отсто, а на Литванија 98 отсто. Тие како и сојузниците на Германија пред Втората светска војна мислат дека ќе излезат со позитиви од наводно победничката војна на НАТО против Русија.

Видно е дека глобалниот светски конфликт се шири како на воено така и на економско и на политичко-идеолошко рамниште. Економскиот судир помеѓу стигнатиот на дното запад и големите но малку задолжени земји како Русиај, Кина, Индија, Бразил. Досегашните војни не можеа да ги спасат Американците и нивните марионети од банкрот заради што нивниот судир со споменатите држави е неминовен. Сега доаѓаме до прашањето: Зошто Русија навидум веднаш ја повлече својата војска од Сирија? Кога читам глупи анализи како во американското списание „Nacional interest“ каде од наведените пет причини ниту една не е вистинска, повторно се уверувам дека господ на Американците им го одземал умот. Во минатиот период Путин успешно ја заврши мисијата во Сирија.

СЕГА НА ПРЕДЕН ПЛАН ИЗЛЕГУВА УКРАИНА И ЦРНОТО МОРЕ.

Затоа и Путин отиде во Крим. Дали го сфаќа тоа Иванов, Димитриев, Груевски, Поповски? Не го сфаќаат зашто секогаш трчаат по ситуацијата, никогаш не се соочуваат со неа, а уште помалку да ги предизвикаат состојбите. Ако македонските политичари беа малку попаметни, сега ќе имаа слична улога како таа на Турција во бегалската криза. Само што од каде мозок, од каде памет, од каде стратегија, од каде храброст кај нас? Ленин кажал: Чекор напред, два чекора назад. Нашите политичари се трансформирале во: Чекор напред, дваесет чекори назад.

На 3 април Украина и Грузија ќе добијат стимул за НАТО. Русија ќе реагира. Ако Турција направи втора глупост, да се судри со Русија, тогаш САД и НАТО ќе бидат пред дилемата дали да влезат во глобална војна со Москва. Моментално Русија има предност и нема да попушти. Ако Турција излезе паметна и не се замеша со Русија, а продолжи успешно да ја уценува ЕУ тогаш може да има локални конфликти. Да не заборавиме дека на териториите на Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Бугарија има командни пунктови на НАТО. Моментално ЕУ е во нокаут. Меркел ја уништува Германија како Горбачов Советскиот сојуз. Ако глобалната војна не почне до крајот на годината честа да ја уништат американската империја ќе им падне или на Доналд Трамп или на Хилари Клинтон. И двајцата можат да и конкурираат на Меркил по простотилак. Институтот за јазична технологија на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, кој ја истражува претседателската изборна кампања во САД, го идентификува Трамп со ученик од седмо одделение, а Клинтон од девето. Жални се и останатите кандидати Тед Круз и Сандерс. Тоа не е чудно ако се знае дека легендарниот американски претседател Абрахам Линколн бил на рамниште втори клас гимназија. Успесите на САД доаѓале не од нивните официјални влади туку од валдите во сенка и уште од грабежот во севетот и скапи увози на мозоци од светот кои работат за интересите на САД. Со други зборови имаме една современа Римска империја. Затоа и нејзиниот крај ќе биде ист како и на оригиналот.

Македонија е невиден светски феномен. Сме слушнале многу „обични“ луѓе да тврдат дека Господ не чува иако не заслужуваме. Всушност Македонија е пример како еден народ може да се зачува неколку милениуми независно од многуте свои надворешни и внатрешни непријатели, независно од своите владејачи предавници и од политичарите.

Опстојувањето на Македонија и на Македонците е чудо, иако пред се’ тоа не е наше туку божје чудо, доказ дека историјата само навидум се одвива по човечки закони и правила и по човечка логика. Ние имаме среќа што експериментите врз нас од македонските непријатели секогаш се соочувале со волја многу поголема од нивните амбиции која не одржува пред дефинитивно да потонеме.

Изгледа фантастично при современите околности и идната глобална катаклизма да се зачуваме како држава и народ. Уште повеќе зашто активно работиме на сопственото уништување. Но, изгледа дека нашите негативи се и позитиви. Во глобалниот судир меѓу НАТО и Русија, од Балтикот до Црно Море само Македонија и Србија се надвор од двата блока НАТО и ЕУ. Тоа значи шанса животот кај нас да продолжи и колку и да звучи радикално Македонија да си го врати природното место на лулка на идниот европски  М А К Е Д О Н И У М.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.