Изборот е: Државата или смрт!

За решавањето на наметната однадвор, пред година и пол, политичка криза имаше две опции. Едната беше Пучот да биде уништен преку цврсти дејствија на државните институции, а неговите учесници да бидат пратени во затвор.

Медиумските подржувачи на заговорот против македонската држава исто да бидат казнети со одземање лиценцата на тие медиуми и судски казни. Странските амбасадори кои беа координатори на „Пучот“ веднаш мораа да бидат протерани од Македонија. На тој начин немаше толку време македонскиот народ да биде ставен во агонија и да биде заложник на македонските непријатели.

Наместо брзо и цврсто прекинување на „Пучот“, политичарите му дадоа можност да се прошири и опфати сите државни институции, да создаде нови поделби меѓу народот. Традиционално беа поканети странски „олеснувачи“, беше потпишан антидржавен /како оној во Охрид во 2001 година/ договор во Пржино, беше погазен за кој пат македонскиот Устав, беше попуштено пред претензиите на домашните и надворешни пучисти за предвреми избори, за техничка/коалициона Влада итн.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за избори на 24 април, годинава, како што е запишано во Пржинскиот договор, е нејзина. Но, истовремено не е само нејзина. Затоа што беспринципиелните попуштања на притисоците и уцените од страна на опозицијата и надворешните раководителии газди, до крај го изнервираа и го револтираа македонскиот народ. Власта е во тек со гневот кај луѓето кој секојдневно расте. Затоа и неколкупати премиерот Груевски призна за критиките на изневерените гласачи. Оттука натаму, за ВМРО-ДПМНЕ има само една добра иднина – да биде со луѓето кои си ја сакаат и бранат државата и Татковината, Да направи пресврт во досегашните „флексибилни“ односи со странските душегрижници на Македонија, да не создава хаос во поимот „пријатели“ и да не искажува „благодарност“ кон волците кои сакаат да не’ уништат. Директно, отворено и чесно – тоа е шансата таа партија да стекне двојна доверба кај гласачите. Затоа што во денешново време, на Македонија не и’ е потребна само партија победничка на избори. Не партија за која сме гласале затоа што е подобра опција/помало зло/ отколку другата. Нам ни е потребна партија која е симбол на независна Македонија, во која ќе се препознаваме сите без разлика на членството, за која ќе бидеме уверени дека ќе го брани македонското име/идентитет и македонската државна територија против секакви обиди за федерализација и агресија, по цена на се. Партија на која лидерите се спремни и физички да гинат за македонската земја за да не охрабрат и ние да бидеме спремни на истото, партија со лидери и команданти како во периодот 1941-1944 година.

Одлуката за избори на 24 април е добар чекор за почеток. Велам „добар“ затоа што владејачката партија најде храброст да го прекине циркусот на Заев и компанијата. Велам „за почеток“, затоа што една одлука е таква ако се спроведе до крај. СДСМ не сака избори и оттука натаму ќе направи се’ за да создаде хаос. Ќе врши притисоци преку странски амбасади и диверзанти од ЕУ. Тоа ќе биде првиот критериум дали ВМРО-ДПМНЕ извлекла поука од досегашната политичка агонија. Ако сака зацврстување на македонската држава и на себе како партија, нема да попушти на некои опструкции и бојкоти.

Вториот критериум ќе биде кога странските душегрижници повторно ќе уфрлат терористи во идните месеци, и повторно ќе се обидат да ја користатат ДУИ како „жежок костен“. Тука главната улога ќе ја има новиот технички премиер Емил Димитриев, кој мора да обезбеди државна безбедност во корелација со претседателот Иванов. Тоа ќе биде тешко бидејќи двете одговорни позиции во Владата – МВР и Одбрана владеат американски и антимакедонски марионети. Тоа неверојатно промаршување мора да биде поука за Груевски како иден премиер. За да не биде повторно затекнат при меѓународна посета на свој министер кој нема работа таму.

Зашто странците /преку Заев/ ќе навиваат за одлагање на изборите? И да бидат во јуни или во септември, СДСМ нема да ги добие. Но, повеќе месеци се потребни за политички калкулации. Доаѓењето на Хан и учеството на Бејли е видлива работа. Но, позади во тек се процеси за елиминација на Груевски преку неуставното Јавно обвинителство, за негово апсење итн. Другата сметка е создавање на „алтернативна“ /преку трансформација на СДСМ/ партија, која по идни избори ќе направи коалиција со ДУИ и ДПА. Идејата за „алтернативна“ партија ќе биде пропагирана со ставот дека се потребни нови политички субјекти и нови фаци. Ќе биде пробана и опцијата ако техничката Влада управува подолг рок, таа да биде искористена за официјална федерализација на Македонија и за менување на македонското име/идентитет.

Ете зошто…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.