Извини Шпанија, Каталонија ќе гласа за независност ви се допаѓа тоа или не

По три века под шпанско управување, на први октомври граѓаните на Каталонија конечно ќе имаат шанса да го изразат своето право за самоопределување. Повеќе од пет милиони гласачи ќе имаат право да одлучат по следното прашање:

„Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на Република?“

Патот до до овој историски референдум беше поплочен со одлука на мнозинството во парламентот на Каталонија. На последните регионални избори во септември, 2015 година, политичките партиите кои се за независност на Каталонија освоија 47,8 отсто од гласовите, што им овозможи апсолутно мнозинство. Про-унионистите освоија 39,1 отсто од гласовите, што беше чист пораз, додека остатокот од гласовите отидоа кај политичките партии кои стојат во одбрана на правото за самоопределување, но не се залагаат за правото за независност. Значи неможе да се негира демократското право на сегашната Влада на Каталонија. Од овие причини, по неколкуте неуспешни напори за договарање на условите на рефрендумот со претседателот на Шпанија, Маријано Рахој, јас го иницирав референдумот.

Со силен контраст во однос на ставовите на владите на Канада или Британија, Мадрид одби да прифати демократски предизвик, и наместо тоа се одлучи за патот на авторитарна репресија. Во најголем дел од развиениот свет, полицијата ги заштитува гласачките кутии, гласачките места и самите гласачи. Во Каталонија, денеска, ситуацијата е спротивна. Шпанските безбедносни сили ги конфискуваат гласачките ливчиња, гласачките кутии, ги отстрануваат рекламните постери од ѕидовите и ги заплашуваат граѓаните. Упасија официјални лица на владата на Каталонија, прислушуваат телефонски линии, вршат упади во приватни резиденции и забрануваат политички митинзи.

Изгледа невозможна ова да се случува во Шпанија во 21-от век. Еден француски новинари нотираше дека владата на Шпанија повеќе се однесува како Николас Мадуро, диктаторот на Венецуела, отколку како Европска демократија. Загрижува и фактот што Каталонија, Пнаија и останатите европски држави, моментно се на максимална тревога во однос на џихадистичкиот тероризам. Наместо да работи на превенција од можни напади, шпанските полициски сили работат на попречување на демократското право. Ова е длабока неодговорност.

Владата на Шпанија, исто така, сериозно ја наруши слободата на изразување и на информирање. Не само што им забрани и на државните и на приватните медиуми да емитуваат реклами во врска со рефрендумот, туку и ја блокираше интернет тсраницат ана владата на Каталонија, на која се објавуваа информации за јавноста во врска со гласањето. Мадрид блокираше и сервери, процедура карактеристична за повеќето тоалитарни режими. Владата на Шпанија не сака само да ги спречи Каталонците да гласаат, туку им го ускратува и правото да бидат информирани.

Оваа де факто состојба на опсада, што е резултат на однесувањето на шпанската држава, кон Каталонија ја неутрализира автономијата добиена во 1979 година. Пред неколку денови централната влада ја презеде контролата врз каталонските финансии, со што се загрозува економијата на Каталонија, која е моторот на шпанската економија. Каталонија учествува со околу 20 отсто во БДП-то на Шпанија, и нашиот извоз изнесува околу 25 отсто од целиот извоз на Шпанија. Со тоа Шпанија сериозно ја ошетува својата економија и ја става Каталонија во ризик, па дури и под закана, да намали некои свои социјални сервиси кои им припаѓаат на граѓаните на Каталонија. Според тоа, Мадрид го казнува секој граѓанин на Каталонија поединечно и неселективно, без разлика дали тој сака или не независност.

Владата на Шпанија мора да сфати дека нејзиното однесување е неприфатливо од гледна точка на демократијата и човековите права. Четири декади по смртта на диктаторот Франциско Франко, ние сеуште гледаме дека авторитарните инстинкти владеат во срцето на мадридската влада. Почитување на малцинството е фундаментално човеково право, а правото на самоопределување е неотповикливо право на сите нации.

Нашата посветеност кон правото на самоопределување и желбата на каталонскиот народ да одлучи за својата иднина останува непоколеблива. Репресијата од владата на Шпанија нема да го промени тоа. На први октомври граѓаните на Каталонија ќе го искористат нивното право да одлучат дали сакаат да станат нова независна република, исто како што и други народи во светот го сторија тоа пред нив. Ова е моментот на граѓаните на Каталонија, но ние не сме сами во оваа борба. Ги повикуваме демократите од целиот свет да дадат поддршка на оваа долга битка меѓу слободата и авторитаризмот.

Автор: Карлес Пуигдемон, 130-от претседател на Каталонија за „Вашинготн Пост“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.