Криминалецот Бејли и квислингот Заев си играат избори

Кога криминалец и злосторник преправен во амбасадор на една раздрндана и колабирана криминогена империја со помош на домашни и европски лакеи организира избори, сите нормални луѓе знаат дека суверениот, македонскиот гласач, отпочнува борба. Каква ќе биде, колку ќе трае, кој ќе ја организира е прашање на план, анализи, детали. Но, е дијалектички и логички неизбежна. Пошто си имаме работа со цијашки тероризам, кој има богато седумдесет годишно искуство во политички, воен и економски гангстерај и свидлерај како техника на рушење на држави, нивна окупација и пљачка, треба да се има на ум следново:

Иако индоктринарите или заразените од пропаганда уште веруваат во демократска Америка, фактите немилосрдно покажуваат дека секое мешање на ЦИА и Пентагон во нишанетите држави и народи завршува како растурена држава. Вградени и стимулирани политички и екононмски кризи кои никогаш не завршуваат, поделени народи и изменети граници. Кога Америка прогласува своја победа врз некоја своја жртва, домицилното население добива кобајаги влада и државни институции кои се полнат со издресиран и корумпиран домашен општествен измет. Ги именуваме како банана држави, кои глумат суверени субјекти, но фактички во нив народот е збир од робови на кои им се одземени сите човечки права. Изборите како демонстрација на слободната граѓанска волја се претвораат во фарса или во гротеска како што е случајот сега со Македонија, ама ако се опулите наоколу, знаете со сигурност дека не е подобро, ни во Британија или Франција, во Германија или Бугарија, Хрватска, Словенија.

Вака е секаде каде ЦИА преку амбасадори и криминогени домашни „калпазани“ изборите ги организира со гласачки контингенти. Џес Бејли е еден од обучените мајстори за вакви измами. Американците имаат богато искуство во пакувањето и лажирањето на изборните резултати. Последните претседателски избори го покажаа тоа преку резултатите до кои дојде државната комисија за проверка на изборните резултати. Поразителни се. Во 16 сојузни држави се вршени секакви изборни криминали од огромен опсег. Над 18 милиони гласови се украдени, манипулирани, додавани или одземани, бришени, увезувани. Над три милиони емигранти без легален престој, добиле право да гласаат. Демократската партија која го имаше мандатот осум години, во полза на својот кандидат, извршила буквално изборна пљачка. Пљачкашите се обидоа во паника да ја претворат во хакерај извршен од Русија (и што е уште поцинично според Хилари Клинтон, од Македонија).

И што се случи?

ЦИА и останатите делови од „длабоката“ паралелна држава сторија се’ што рутински го изведуваат ширум светот, но превидоа само едно: масовното гласање на обичниот Американец не за партија, не за познати и извикани политичари и лидери, ами за човек поединец, кој им ветуваше враќање на суверенитетот во рацете на народот. Со недвосмислена храбра порака (ветена обврска). Па, се разбира дека мафијата не се предава мирно и доброволно. Војната меѓу народот и организираниот криминал трае еве веќе седум месеци. Оваа е прекрасна лекција во живо за целото човештво. Од секој агол на планетава, државите и народите жртви ја откриваат вистинската Америка без посредство на Холивуд. САД всушност е најголема банана држава. Нема институција која не е избушена како швајцарски ементалер. Врие од цијашки импланти. Тастери, кодоши, соросоиди има повеќе од македонските заради кои сме развиле комплекс за македонско предавство безмалку генетски наследно. Речиси да нема нормален и честит општественик, интелектуалец, политичар или новинар. Општество чиј елитен слој е збир од ментално нарушена куротресина која ги изгубила сите добри својства на човек. Совест, чест, интегритет, срам, одговорност, солидарност, се е тоа исцицано од ваквите дегенерисани примероци, а вбризгана им е бестијалност, агресија, неодговорност, бесрамие, алчност, безочност. За вакви болештини нема лек. Има еден радикален, запишан во Стариот завет, во Книгата на сите книги. Ное е само првиот за кој знаеме од пишаната историја. Тој е тестиран повеќе пати кога човештвото ќе западне во дегенеративна состојба, а обично кога ќе забега некоја империјална врхушка која ја шири заразата. Е, па таму сме сега. Не само ние во Македонија. Исходот на борбата во САД е многу важен. Но, и да не е, секој окупиран народ порано или подоцна го чека борба со ѕверот.

Локалните избори во октомври, кои ги именувам како бејлиеви ѓоа избори, ќе ни донесат локални црпки. Не со помош на реални гласови на постоечки народ туку со помош на инсталирани калемени сливи од овоштарникот на ЦИА. Резултатите уредно ќе ни ги соопштуваат „сливчињата“ во ДИК и МОСТ. Гласови и контингенти гласачи ќе организира и транспортира, кутии ќе полни и гласови ќе брои „стафот“ и евнусите на Бејли. Полицајците гангстери на Оливер ќе им утеруваат страв на нормалните гласачи. Брисел ќе ги поздрави и организаторот и победниците. Постизборна правда ќе дели смокварникот, сеедно дали е специјален или „обикновен“ во сите инстанци. Опозицијата ќе џавка во ветер кобајаги во интерес на народниот мир, медиумите ќе глумат нормалност во сопственото трансџендер лудило, интелектуалците и експертите ќе гледаат во небо оти на земјата не можат да и се опулат од резил.

Како и да е, народот ќе биде единствениот фантом во државата, која и онака е веќе фантомска. Црно е? Поцрно здравје! Затоа и ви велам, никој крај очи нема долго да цапа во мракот. Ќе ни докурчи. Но, не е доволно. За акција треба да ни прекурчи. Како на Господа со Содом и Гомор. Но, некои народи на кои им прекурчи не го чекаат Господ, туку сами се организираат за да му поможат. Сиријците, Турците, Венецуелнаците, Боливијците, Филипинците, Кампучијанците и многу други ги почнаа и успешно ги водат борбите против гангстерајот на ЦИА и нејзините инсаталации. Ако сме спремни за борба, на вистински пат сме. Ако не, значи не ни е прекурчено. Уште чекаме прво да се појави водач, па ние да го следиме. Обратно е. Треба да стане видливо народното незадоволство за да се појави и препознае потенцијален водач. Доналд Трамп не стана водач сам по себе. Туку тој прво го согледа количеството незадоволство на американскиот колективитет кое беше пригушено, задушено и невидливо за оние од горе. Го согледа тој потенцијал и се пријави за кандидат за водач. Две години беше на јавна проверка. Кога народот се увери дека е издржлив и решителен, му го даде гласот. Истото му се случи на Таип Ердоган, на Мадуро, на Башар ел Асад. Родриго Дутерте го стори истото. Без партија, без естаблишмент и посредничка логистика. Чист и изворен популизам.

Молам!

На такви избори и други дешавки, секој Џес Бејли јаде ќотек како „вол у купус“, а сливите и смоквите завршуваат како мармалад.

Автор: Мирка Велиновска за Дудинка