Македонците, во споредба со државните институции, никогаш не капитулирале

Не е потребно нашироко да го аргументираме горенаведеното тврдење. Доволен е фактот дека македонската самосвест и име /идентитет/, се зачувани околу три милениуми, а македонските државни институции постојат одвај во една третина од нив.

Зошто идентитетот бил појак од државните институции?

Затоа што основа на македонската самосвест и идентит бил космополитизмот и демократизмот. И во античката, и во средновековната македонска држава, и во борбите за нивно воскреснување во ново време, принципот за управување бил истовремено централиситички со директна демократија. Тој принцип изгледа контроверзен, но античката македонска држава се зачувала околу осум века преку поделба на власта меѓу монархот и народот. Сепак овој оригинален потфат, непознат и во античкиот и во подоцниот свет, тешко можел да опстои, затоа Самуиловата држава издржала само половина век, а независните владетели Стрез, Добромир Хриз, Алексиј Слав уште пократко време.

Класичниот тип на држава бара хиерархија и институции, кои посредуваат помеѓу државните лидери и граѓаните. Само што, македонскиот демократски поглед на светот признава лидери доколку биле еднакви помеѓу еднаквите. За да успеат македонските држави, најпрвин треба да има државници, кои треба да ја охрабрат, да го потенцираат највредносното, најхеројското, најдостоинственото во психата и дејствијата на македонскиот народ. А, бидејќи, надвор од македонските кралеви Филип Втори, Александар Трети, Самуил, такви државници биле малкумина, македонските држави слабееле и се губеле.

Со два збора, македонското слободарство било спротивно на хиерархиските структури, на државата од класичен тип. Во последниве децении во цел свет бирократијата расте со невидена брзина, а тоа ги задушува народите како што е македонскиот. Бирократијата е орудие на партискиот систем и партиското членство, тоа бара од неговата партија да ја преземе власта за да го стави во административните фотелји. Администрацијата во Република Македонија е веќе 10 отсто од вкупното население и голем дел од нив се рамковно вработени. Т.е. ниту имаат сенс за функциите на кои се поставени, ниту пак работат, а само добиваат плата. На тој начин, тие директно крадат од трудот и платите на останатите граѓани и нанесуваат само штета на државата. Партиската бирократија е заинтересирана да ги брани само партиските, а не државните интереси, уште повеќе кога таа партиска бирократија е и етнички поделена.

Не случајно во последниве децении расте јазот во македонското општество: партијци од еден вид против партијци од друг вид, партијци против непартијци, вработени против невработени. Но, дури и целото македонско население да се трансферира во вработени административци /што е апсолутна фантазија/, тоа не може да ја спаси државата. Ниту една држава во светот не била спасена директно или индиректно од нејзината администрација. Бирократизмот ги уништува и странските инвестиции, и економијата и просечниот стандард. Затоа што прави сопки на приватната иницијатива, го нагризува ентузијазмот и активните дејствија на Македонците. Наместо желба за изјава, за успеси и реализиација преку сопствен труд, нивната желба за позиции се остварува преку партиско членство. Ете зошто не државата, туку партиите се фактор. Од нив зависи и индивидуалната и семејната среќа. Оттука и илузијата дека партиите се безвремени. Никој не се прашува ако биде уништена државата, што ќе биде со партиите? Денешната наша психа е едноставна – партиите се сè, како и директивите од ЕУ и НАТО. Утре, кога реалноста ќе ни удри нова шлаканица, повторно ќе се жалиме дека сме биле жртви.

Во споредба со минатото, македонскиот идентитет се руши и од горе, и од долу. Идентитетот тогаш бил зачуван, затоа што македонската народна јатка опстојувала и се спротивставувала на странските освојувачи и на домашните предавници. Јазот бил помеѓу поткупливата елита и обичните Македонци поделени партиски, религиозно, индискриминирани со странски парични инјекции.

Во почетокот на 21. век, поетот Гане Тодоровски напиша: Стига да ни се живи мртвите/ Тој вруток семакедонски! Во моментов прашањето е спротивно: Што да правиме ако ни се мртви живите? Македонија има два симболи: таа е земја на Херои и земја на Голготи.

И тоа изгледа контраверзно, но е вистина. Затоа што во споредба со официјалните институции, Македонците никогаш не капитулирале. Затоа и меѓу македонските историски споменици мал дел се носители на официјални функции (кралеви, политичари), притоа има и такви кои не заслужуваат свои споменици. Повеќето се бунтовници, револуционери, преродбеници, војводи или пак во ново време писатели, научници, уметници.

Македонските херои се симбол на македонскиот непокор, на македонската борба за слобода и независност. Тие се бореле за држава, ама за народна држава, за тоа секој да биде свој на своето. Тие се бореле за демократија (бидејќи биле демократи по дух), ама за природна, а не вештачка демократија дојдена однадвор, со странски сугестии, уцени и пари. Нашите вистински херои никогаш не биле ставени од некого на функција, не биле гласани на партиски форуми, не спроведувале туѓи директиви. Тие биле доволно паметни и цврсти сами да преземат обврски, да преземат одговорност пред македонскиот народ, неговите традиции и идентитет. Биле ценети по нивните дејствија, а не по нивните зборови, по оствареното од нив, а не според ветувањата.

Правдањата на некои македонски премиери и претседатели по…