Нема светски мир без распуштање на НАТО

Дали се сеќавате на едно од пророштвата на Нострадамус:

„Кога над Европа има 28 ѕвезди и државата пред нејзината врата се јави, ќе падне како Јерихон“.

Во минатото некои ја идентификуваа државата со Турција (за тоа и ЕУ се плаши да ја прими како членка) но, сега се гледа дека станува збор за Исламска држава во време кога во ЕУ учествуваат 28 земји. Денес се’ повеќе е јасно дека Европа се наоѓа пред катастрофа. Не станува збор за економска или политичка катастрофа, кои повеќе години владеат со ЕУ. Катастрофата која доаѓа преку масовниот емигрантски бран ќе ги раздрма не само државите од Унијата туку сите европски земји. На тој начин ќе настрадаат и виновните и невините.

За почеток да расчистиме кој и зошто е виновен. Може да изгледа чудно, но главна вина носи крајот на Студената војна. Поточно уништената рамнотежа меѓу двете супер сили. Рамнотежата е основен принцип и во природата и во човечкото општество. Без неа не сме во состојба да направиме чекор. За тоа кон досегашните пет сетила науката веќе ја додава и рамнотежата. Со победата на САД над тогашниот Советски сојуз беше уништен билансот создаден по Втората светска војна. А, уништен биланс занчи нова светска војна кога и да било. Рамнотежата уште повеќе се изгуби со распуштањето на Варшавскиот договор со тоа што, спротивно на логиката, неговата антитежа НАТО не се распушти. Нешто повеќе. Во наредните две децении кон дотогашните 16 членки се приклучија уште 12 европски држави, при тоа поранешни учесници во Варшавскиот договор. Приклучувањето се случи и покрај ветувањето на САД кон Русија, по обединувањето на Германија во 1990 година, дека НАТО никогаш нема да се шири на истокот. Денес границите на Русија се опкружени од 400 воени бази на НАТО, а САД отворено призна дека не наводниот тероризам на Ал Каеда, Иран и така натаму, туку Русија е нивниот главен непријател.

Се знае дека во една светска војна (дури и ако е локална) ќе настрада пред се’ Европа. За тоа е чудно што европски земји учествуваат во американските авантури. А, тие не се малку: во 1991 година во Ирак, во 1993 во Сомалија, во 1995 во Босна, во 1999 во Југославија, во 2001 во Авганистан, во 2003 во Ирак, во 2011 во Либија, а сега во Сирија. Интервенциите во Босна, Југославија, Авганистан и Ирак беа без дозвола на Советот за безбедност на ООН. Без дозвола и еднострано САД интервенираа во Авганистан и во Судан во 1998, во Пакистан и Јемен и Сомалија во 2002. САД го користи НАТО како свој инструмент кога нема дозвола од ООН. На тој начин бумерангот на одмаздата од страна на Сиријците, Ирачаните, Авганистанците, Либијците и т.н. ќе падне врз европските земји. Денес како емигрантски бранови, утре како терористи. Од почетокот на 2015 до сега во Европа само преку Средоземното море се дојдени 430.000 емигранти. Од војната во Сирија се избегани околу 5.000.000 луѓе. Главна улога во бомбардирањето на оваа држава со цел симнување на законскиот претседател Башар Асад имаат САД, Велика Британија и Франција. Само што САД објавија дека ќе примат колу 10.000 мигранти, Велика Британија не сака да прими ниту еден, а Франција ветува за 26.000 мигранти.

Уништувањето на државите од Северна Африка преку т.н. Арапска пролет е директна акција на САД. Создавањето на Исламска држава и емигрантски бран – исто. Во таа антиевропаска интервенција ЕУ играше и продолжува да игра против себе. Државите од Унијата се во судир кој колку емигранти да прими. Грција сака да расчисти со Македонија преку бесконтролен емигрантски бран. Унгарија изгласа закон против мигрантите и ги затвори границите. Државите од централна и западна Европа се надеваат да се спасат со трансформирање на Србија и Македонија во емигрантски центри зашто политичарите во двете земји подлегнуваат на уцени и лажни ветувања за членство во ЕУ. Многу брзо заборавиваме на 360.000 албански бегалци, кои истовремено со терористичката војна во 2001 година и зададоа смртен удар на македонската државност.

Повеќето луѓе во светот одамна го разбираат тоа што нивните влади намерно не сакаат да го сфатат – дека САД не се оаза на демократија туку светско зло, „антихристот“ за кого се зборува во библиското Откровение по Јован. Народите го разбираат тоа зашто само во последниот век САД извршија повеќе од 100 интервенции во светот. Нема ниту една држава која по нивната воена интервенција да станала побезбедна, побогата, а нејзините граѓани посреќни. Зошто Американците сакаат светска војна? Затоа што улогата на единствен светски полицаец, која ја имаат последниве две децении, веќе им бега. Рамнотежата во меѓународните односи, во светската економија и трговија веќе се враќа со создавањето на БРИКС. Се враќа и воената рамнотежа. Нешто повеќе. Во осумдесетите години на ХХ век САД го победија Советскиот сојуз економски, а не воено. Москва не започна светска војна, иако можеше, туку го призна својот пораз. Денес состојбата е слична. Државите од БРИКС го симнуваат САД од економскиот трон, но Американците сакаат преку војна да си ја зачуваат лидерската позиција, зашто наспроти Словените, англо-саксонците го признаваат само воениот пораз. Да се потсетиме на Хитлер кој војува до крај се’ до падот на Берлин. Или, пак, за самите САД во Виетнамската војна која продолжила 14 години со учество на 550.000 американски војници.

Ете зошто САД го турка светот кон глобална војна. Нема надеж таа да биде без нуклеарно оружје. Има сведоштва дека тоа веќе се користи. На пример врз Јемен кон крајот на мај. И на 12 август во терминалот на кинескиот град Тјанзин каде имаше експлозии со моќ од 3 и 21 килотони. Според стручњаци станува збор за нуклеарни бомби фрлени од изведеното во орбита американско ракетно летало X-37 V на 15 мај годинава. Како одговор кинескиот лидер Си Ѕјанпин изјави дека Кјанзин е голема поука и на 3 септември Кина организира величествена воена парада за 70-годишнината од победата над фашизмот. Пред американското нуклеарно поигрување САД и Кина разменија економски удари. Во јуни САД ја урна Шангајската берза и Кинезите изгубија околу 3 трилиони долари. По ова Кина на трипати ја девалвираше својата валута јуан во однос на доларот со што му зададе смртен удар.

Дали може Европа да ја спречи идната војна во која ќе биде жртва? Има шанси ако глупавите европски политичари се оградат од САД и од нивниот светски терор. Ако го напуштат НАТО и создадат европски сили за безбедност. Ако се свртат кон рамноправна соработка со државите од БРИКС. На прво место, мора да се прекине емигрантскиот бран, а тоа значи да се згасне жариштето во Сирија и останатите емигрантски земји. Тоа значи ултиматум на САД да не се мешаат повеќе во Сирија, да не ја поддржуваат Исламската држави и другите терористи.

Што може да направи македонската држава?

На прво место да не даде можност да ја претворат во депонија на бегалците со изградба на кампови. Годишната сесија на ООН е одлична можност да се слушне гласот на Македонија и светот да разбере дека таа се’ уште е жива. Досегашните говори на претседателот Иванов се тивки, плашливи, додворувачки, каква што е и македонската политика и дипломатија. Дали барем сега, кога се одлучува за иднината и на Македонија, нема да слушнеме зборови кои одговараат на македонските слободарски и борбени традиции? Вистински политичар не е тој кој е храбар пред домашната јавност, а надвор го губи гласот. Генералното собрание на ООН е илустрација за тоа кој е државник, а кој пудлица. Ќе го видиме тоа во периодот 29 септемви – 6 октомври.