Потребни се акции, а не задоцнети реакции

Најголем проблем на нашите македонски институции (кога сме имале држава-државни, кога сме немале-општински и културно просветни) е дека наместо акција од нивна страна секогаш имало реакции. При тоа задоцнети. Од времето на царот Самоил до денес не се сеќавам за моќни акции.

Зборувам за одлуки на институции, а не на поединци какви што сме имале многу. Доволно е да се потсетиме за акцијата на гемиџиите во 1903 година, или за подвигот на првиот македонски партизан на Балканот, Иван Козарев. Спонтани народни акции имаме, ама македонските институции секогаш се размислувале, премислувале и тоа носело крупни порази.

Зошто на пример последни од централно европските и балканските држави подигнавме ограда пред емигрантите? За да не ја лутиме ЕУ. Таа не дава за нас пет пари, само ни ветува поддршка за нивно згрижување и транспортирање, бара од нас да правиме кампови, а ние се додворуваме и лигавиме. За тоа и односот на Брисел кон нас е како кон дибеци, а во најдобар случај како кон мали деца. Мора да направите се’ што ќе побараме, а во замена ќе добиете награда од ЕУ, вели Могерини. Барањето е за натамошно кршење на ревидираниот по којзнае кој пат македонски Устав, федерализација и уништување на државата преку службен албански јазик во цела Македонија, етнички буџет, албански премиери и претседатели, прекрстување на македонското име и идентитет. На овие арогантни уцени министерот за нбадворешни работи Попоски се смешка со задоволство, заради ветениот „подарок“. Во истото време претседателот Иванов ужива во категоријата доделена од ИРИ „најчесен“, а во замена лелека пред Обама Македонија да биде примена во НАТО.

25 години (уште од 1990) македонските политичари демонстрираат отсуство на памет, на мисла, на прагматизам (надвор од нивниот џеб) да не зборуваме за македонски дух или за стратегија. И наспроти тоа ние на избори ги бираме иако знаеме лично луѓе кои вредат за пратеници, министри, директори и т.н., но кои за жал немаат шанси да станат дури ни обични службеници. И за тоа бегаат надвор од Македонија. Зошто немаат шанси? Прво заради нашата љубомора кон попаметниот, постручниот, позаслужниот од нас, независно дали станува збор за наука, уметност, политика. Второ, заради партискиот систем кој бара нелидери, неличности туку додворувачи, односно ги уништува уште во зачеток сите нестандардни, авангардни и смели идеи и концепти. Трето, заради дамнешната предавничка улога на голем дел од македонската интелегенција која заработува јудини сребреници од непријателите на Македонија. Сето тоа создава хаос и тензии во државата, намерно меша баби и жаби за да ја деградира македонската свест и самосвест.

Белег на таа деградација е секоегодишното очекување на позитивен извештај од Европската комисија за почеток на преговори со ЕУ. Секоја година македонските граѓани се терани да го чекаат Годо. При тоа повеќе од шест децении по творбата на Бекет. Во прашање не се само џабе добиените седум препораки. Во прашање е прво погрешен избор за ЕУ (исто како и за НАТО). Второ, трошење на енергија и гласање на штетни закони за македонската економија, здравство, образование, со еден збор за македонската традиција. Трето, давање можност да бидеме отценувани преку желбата за една ем погрешна, ем штетна илузија. Уште повеќе тие отцени допираат до македонската суштина – име и идентитет.

Не го велам тоа зашто веќе десетина години сме одбивани од ЕУ и НАТО. Секогаш сум мислел и сум пишувал дека членството на која и да било балканска земја во овие организации е штетна по самата земја, зашто влегувањето таму не значи да бидеш дел од нив туку нивна економска колонија од една страна, а топовско месо од друга страна. Затоа глупостите кои секоја година ги трескаат политичарите, аналитичарите и новинарите навистина се идиотизми на дибеци. Тие не можат и не сакаат да сфатат дека какви и да се состојбите во Македонија позитивни извештаи ќе има затоа што преку нив нашата држава е условувана и уценувана. Отказот од препорака ќе биде знак да бараме алтернатива, а ЕУ и НАТО не сакаат да се освестиме. Зашто тогаш ќе бидеме надвор од нивните раце.

Уцените врз нас се колку едноствани толку и елементарни. Ако нашата држава бара алтернатива надвор од определениот колосек ќе бидела уништена. Некои западни гробари даваат и рокови – од еден месец до една година. Уште во својата книга „Сведоштва“ началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, Панде Петровски предупреди дека капитулацијата пред терористите во 2001 година надвор од политичката има и психлошка цел. Политичката катастрофа со Рамковниот договор ја знаеме сите. Психолошката цел беше да ја уништи довербата на македонскиот народ во неговата армија и самодовербата дека може да води победничка војна со терористи. За остварувањето на таа психолошка цел се работи веќе 14 година. Работат и домашните политичари, и странците и албанските сепаратисти. За тоа уништувањето (иако делумно) на териристичката банда во Куманово донесе остро негативни реакции од шестмина западни амбасадори на чело со американскиот, од албанските сепаратисти и врвот на СДСМ. Се разоткриај сите македонски душегрижници затоа што наметнатата во 2001година магија почна да се руши.

Магијата за македонската неспособност се промовира насекаде. За секој кој добро ја познава балканската психологија (и како нејзин дел албанската) и македонската неспособност и албанската храброст се обични пропагандни трикови. Тие немаат објективна база ниту во историјата ниту во секојдневието. Проблемот и со потпишувањето на Рамковниот договор и со пржинскиот и со конференцијата за втор рамковен договор е сосема друг. Капитулира не македонскиот народ туку како многу пати во историјата политичарите избрани да го водат. Уште полошо. Во 2001 година тие спречија народот да се дигне во борба и да оствари пресврт. Дали е можна таква ситуација денес?

Гледаме дека сценариото од пред 14 години се повторува. Нема сомнеж дека и калкулациите се исти. Странците и домашните изроди планираат во април 2016 година двоен притисок – врз владата и врз медиумите. Целта е медиумите да бидат замолчени како во Србија. Притисокот врз новиот премиер ќе биде голем (ако не е американската марионета Јолевски) и ќе доаѓа и од надвор и од тројанските коњи во владата – МВР, Труд и социјала, финансии. Притисокот врз Груевски кога нема да биде премиер и другите лидери на ВМРО ДПМНЕ ќе доаѓа од нелегитимното паралелно јавно обвинителство. Во идните месеци ќе бидат планирани и терористички напади. Тие ќе бидат спроведени од албански и косовски терористи, но под ознаката на ИСИЛ. Затоа нема да бидат повторно во Куманово или, пак, во Тетово, туку во Скопје. Пораката ќе биде да се обединиме сите против терористите. Во име на „обединувањето“ албанскиот јазик да стане официјален службен јазик во цела Македонија, да биде избран Албанец за премиер или претседател, да се смени македонското име со „прифатливо“ албано-македонско, кое ќе биде прифатливо и за Грција.

Сето тоа мора да се подготви до април идната година. Тогаш не е битно кој ќе ги добие изборите. Сепак според план „А“ преку фалсификати и уцени СДСМ треба да ги добие изборите. Варијанта на тој план „А“ е коалициона влада на СДСМ, ДУИ и ДПА. План „Б“ е марионетска влада со учество на ВМРО ДПМНЕ. Постојат уште два плана-„Ц“ и „Д“. Во првиот ако резултатите од изборите не одговараат на македонските душегрижници тие ќе бидат оспорени, тензиите и хаосот ќе растат за да се реализира план „А“ или „Б“. Во план „Д“ избори во април нема да има се’ додека не се дојде до можност за реализација на првите варијанти.

Кога сме свесни што ни се подготвува мора да сме спремни за борба. Најмногу при евентуална капитулација на политичарите. Во споредба со 2001 година мора сите да знаат дека македонскиот народ  ќе ја води борбата со или без политичарите. Одлуката за тоа ќе биде наша, а тие ќе решат дали ќе бидат во таа борба со својот народ или нема да бидат.